Силно невреме проследено со дожд, грмежи, ветер и град го зафати Потпелистерието поладнево. Наши читатели испраќаат фотографии од Потпелистерско Нижеполе каде се е побелено, но не од снег туку од врнежи од град. Невремето трае повеќе од половина час.
Женската ракометна екипа од гимназијата „Јосип Броз –Тито“ од Битола е шампион на државната манифестација „Гимназијада 2022“ што се одржа во Струмица, единствен спортски настан за најдобрите спортски училишни екипи од средните училишта во Република Македонија. Машката ракометна екипа е вицешампион со освоено второ место на истите натпревари. Ментори на младите рекометари од Горната гимназија се професорите Михајло Сиљанов и Антонио Трпковски.

