АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Неосновани се жалбите што директорката на Средношколскиот дом од Битола, Елена Спасеновска и пензионерот Менде Петровски ги испратиле до Советот за етика во медумите во Македонија за текстовите што ги објави новинарката Анета Блажевска за нивните службени патувања во Албанија и Србија со службеното возило и за исплатите кон пензионерот Петровски со државни пари откако се пензионирал.
Советот за етика во медумите на Македонија оценува дека текстовите објавени на порталот Апла.мк не отстапуваат од професионалните и етичките стандарди во новинарството. Комисијата оценува дека станува збор за приказна со јавен интерес. Се работи за средношколскиот дом „Мирка Гинова“ а во текстовите транспарентно се наведува изворот - софтверската алатка Отворени финансии на Министерството за финансии, со која се регистрира секоја исплата на јавни пари на правни и физички лица, со што нема сомневање каде оделе парите од Домот.
Директорката Елена Спасеновска и пензионерот Менде Петровски се жалеле за новинарката Блажевска за нарушување на приватноста и пристрасност, и неурамнотеженост во информирањето.
ОДЛУКА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЖАЛБИ
Комисијата за жалби утврди дека жалбата е НЕОСНОВАНА и дека текстот објавен на порталот Апла.мк на 05.02.2024 со наслов „Директорка на детскиот дом со државни пари плаќала пензионер за советник“ е во согласност со професионалните и етичките стандарди и со него не се прекршени Кодексот на новинарите на Македонија, ниту Насоките за етичко известување на онлајн медиумите.
Се отфрла жалбата поднесена и од пензионерот Менде Петровски.
ОДЛУКА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЖАЛБИ
Текстот објавен на порталот Апла.мк на 05.02.2024 со наслов „Директорка на детскиот дом со државни пари плаќала пензионер за советник“ е во согласност со професионалните и етичките стандарди и со него не се прекршени Кодексот на новинарите на Македонија, ниту Насоките за етичко известување на онлајн медиумите.
Се отфрла и жалбата поднесена од Државниот ученички дом „Мирка Гинова“
ОДЛУКА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЖАЛБИ
Комисијата за жалби утврди дека жалбата е НЕОСНОВАНА и дека текстот објавен на порталот Апла.мк на 05.02.2024 со наслов „Директорка на детскиот дом со државни пари плаќала пензионер за советник“ е во согласност со професионалните и етичките стандарди и со него не се прекршени Кодексот на новинарите на Македонија, ниту Насоките за етичко известување на онлајн медиумите.
Објавено од Анета Блажевска