АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
ВМРО-ДПМНЕ на ден пред официјалниот почеток на кампњата ја промовираше изборната програма „Обнова на Македонија„ во Битола. Во фокусот на говорницте беше економската и здравена криза и ветувања за нови политики и заздравување на економијата.
-Знам дека многумина од вас се длабоко разочарани, тоа нема да промени ништо, но вашиот став и глас можат. Измамите се веќе познати и веќе видени, не дозволувајте тие докажани лекции да се повторат. Не трошете енергија на нешто што не вреди. Не плашете се да го промените мислењето и да поддржите нешто што вреди, а Македонија вреди повеќе од се друго. Обновата е обнова на духот, победа над статус кво политиките, обнова на институциите, обнова на вредностите, рече Мицкоски рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денесак во Битола
На економските политики се осврна професорто Трајко Славевски, кои рече дека програмата се темели на 4 столба : ефиакасна држаа, конкурентен приватен сектор, безбедна земја и подобри услови за живот на сите граѓани
-Очекуваме заздравување на екомомијата уште во првит квартал на наредната година. намалување на стапката на невработеност на 10 проценти и креирање на доброплатени работни места. зголемување на платите за 25 проценти во наредните 4 години, рече Славевски.
Кардиологот Сашко Кедев на промоцијата на изборната програма на ВМРО ДПМНЕ во Битола рече дека оснавна цел на партијата е да спроведе здравствени политики кои ќе ја вратат довербата на граѓаните во здравсвото.
-Еден од основните столбови на нашата здраввена политика ќе биде враќање на пациентите во центарот на здрвавсеите политики бидејќи сите здравствени работници се таму кај што се поради пациентите, рече Кедев.