АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Почитувани сограѓани,
Ми претставува голема чест и задоволство да Ви го честитам големиот и најсветол национален празник-Илинден а воедно Ви го честитам и големиот христијански празник Св.Илија.
Илинден е симбол на победата на македонскиот непокор.
Денес кога се навршуваат 117 години од Илинденското востание и 76 години од Првото заседание на АСНОМ, уште посилен е стремежот мотивот на сите генерации, нашата држава да ја градат како заеднички дом во едно општество за сите без разлика на верска, национална и етничка припадност.
Илинден е ден кој не задолжува, не инспирира и обединува.
Се поклонуваме на славното дело на револуцијата, на храброста, доблеста и љубовта кон Татковината.
Она што во минатото било стремеж за слобода, денес е стремеж за развој, напредок, развојна економија и подобар живот за сите наши сограѓани.
Обединети и сложни, наша обврска е да продолжиме посветенон и одговорно да работиме на изградба на модерно, просперитетно и европско општество.
Нека ни е честит и вековит Илинден!
Со почит
Градоначалник
Љубе Кузманоски
Општина Новаци