2win800x200

На следната седница на Советот на Општина Битола,  која ќе се одржи во четврток на 21 мај, како точка на дневен ред ќе се најде одлуката за основање на јавна општинска установа за култура. 

Пет проекти за наредните три години планира да опфати Општина Битола во Развојната програма 2019-2021 година. Гасификација, обнова на Офицерскиот дом , реконструкција на улицата „Илинденска“ , реконструкција на други објекти и уредување на простор во рурални средини. Токму Предлог- програмата за развојни планови на Општина Битола 2019-2021 година предизвика бурна дискусија во Советот каде опозицијата критикуваше, а власта уверуваше дека градот се развива со вистинска насока.

Иванчо Тошевски советник на ВМРО-ДПМНЕ, рече дека за првпат развојната програма има само пет проекти и ништо друго.

-Кои од овие пет позиции сакате да ги разговараме, улица „Илинденска“ каде не се предвидени средстава за водоводна мрежа и канализација од буџетот на Општина Битола? Ако добро го следевте видеото „Нови визи за Битола“ Петровска призна, сакајќи или не, дека  гасификацијата ќе се користи за индустријата за општината. Прашањето до сите вас и до граданачалничката е како гасификацијата ќе се користи за затоплување на домаќинствата?, критикуваше Тошевски.

Дворот на Офицерски дом во Битола станува бесплатен паркинг. Во последно време таму расте бројот на паркирани возила. Некои битолчани во  кругот на оваа споменична  целина си најдоа широко поле за да ги паркираат возилата без да платат. На местото каде што некогаш беше летниот ресторан и се одржуваше  фестивалот "Серенада на Широк Сокак"  сега се паркираат коли. Нема информација дека некој до сега бил казнет, нити некој ги попречил во намерата.

Уметници го исцртаа и обоија трансформаторот пред Офицерскиот дом во Битола со што се менува сивилото пред овој објект со културно-историско значење.

Страница 2 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани