2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Офицерски, гасификација, улица „Илинденска“, дел од развојните планови на Општина Битола до 2021 година

Ноември 18, 2018

Пет проекти за наредните три години планира да опфати Општина Битола во Развојната програма 2019-2021 година. Гасификација, обнова на Офицерскиот дом , реконструкција на улицата „Илинденска“ , реконструкција на други објекти и уредување на простор во рурални средини. Токму Предлог- програмата за развојни планови на Општина Битола 2019-2021 година предизвика бурна дискусија во Советот каде опозицијата критикуваше, а власта уверуваше дека градот се развива со вистинска насока.

Иванчо Тошевски советник на ВМРО-ДПМНЕ, рече дека за првпат развојната програма има само пет проекти и ништо друго.

-Кои од овие пет позиции сакате да ги разговараме, улица „Илинденска“ каде не се предвидени средстава за водоводна мрежа и канализација од буџетот на Општина Битола? Ако добро го следевте видеото „Нови визи за Битола“ Петровска призна, сакајќи или не, дека  гасификацијата ќе се користи за индустријата за општината. Прашањето до сите вас и до граданачалничката е како гасификацијата ќе се користи за затоплување на домаќинствата?, критикуваше Тошевски.

 

Борче Димитровски советник од ВМРО-ДПМНЕ во Битола рече дека освен што програмата е оскудна и реализацијата е неизвесна и нереална.  

Советникот Методија Илиевски  од СДСМ возврати дека иако развојната програма е со помал број на проекти сепак тие ќе бидат реализирани докрај, бидејќи „чесното, искреното  и домаќинско работење во изминатата година на градоначаничката Наташа Петровска на долг рок ќе вроди со плод “.

-Комплетната документација за улицата „Илинденска“ која стои во развојните програми е изготвена  и плус на тоа општината ќе добие одредени финансиски средства од Светска банка и донаторски сметки. Ве уверувам тоа ќе биде реализирано. Офицерски  дом кој беше наше изборно ветување и „рак-рана“ на битолачни ве уверувам дека ќе го направиме. Зошто? Пред се затоа што комплетната докуметација ја имаме за реконструкција на Офицерски, ги имаме сите услови за реконструкција. Вие колеги имавте доволно период од десет години да го изградите Офицерски и други проекти, но тоа не го направивте.  Знам ви е мака, но тоа  е факт. Гасификацијата  е табу- тема и сите сме свесни дека тоа  е голем залак за Општина Битола, но тоа е единственото решение со кое општината на долг рок ќе го спречи во голема мера загадувањето во нашиот град, рече советникот Илиевски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани