АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Синоќа пред полноќ по претходно добиени оперативни сознанија, во заедничка и добро организирана акција на Шумската полиција од Крушево и полициската станица од Крушево на патниот правец од село Норово кон село Житоше, затекнато е комбе со прилепски регистарски таблички кое превезува нелегални огревни дрва.
Ако до неодамна ретко кој носеше заштитна опрема низ улиците во Битола, сега полициските акции очигледно ја менуваат сликата. Речиси и да нема битолчанец кој не носи маска. Од полицијата велат дека за нешто повеќе од месец, издадени се над 1200 казнени налози на територијата на СВР Битола. Контролите се интензивираа во последните неколку дена, а битолчани апелираат полициските акции да продолжат со уште поголем интензитет.
Вработените во јавното претпријатие „Стрежево“ - Битола, масовно се приклучија кон акција што под мотото „Администрацијата чисти со Не биди ѓубре“ во организација на Владата и иницијативата „Не биди ѓубре“ Денес се спроведе организирано чистење на браната кај Стрежевското езеро со придружните објекти со посебен акцент за разубавување на просторот околу кула зафат.
Над 200 метри кубни ѓубре е собрано во есенската акција за чистење на повеќе од 20 диви депонии во урбаниот дел на Битола, во која учествуваа сите јавни комунални претпријаија од градот, а се приклучија и голем број граѓани кои живеат во близина на овие депонии..
Со акција која има за цел да ја подигне свеста за селектирање на отпадот кај граѓните, јавното претпријатие „Комуналец“ и општина Битола, го одбележаа 22 април, Денот на планетата земја. На пет пунктови низ градот, Старата битолска чаршија, плоштадот "Магнолија", кај хотелот „Епнал“, кај Офицерски дом и Новиот пазар, ученици од битолските училишта и деца од градинките, заедно со нивните наставници им делеа флаери на граѓаните на кои е прикажан начинот за селектирње на отпадот.