2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802


Започна реконструкцијата на ул. „Солунска“,  на потегот од раскрсницата со ул. „Климент Охридски“, до спојот со ул. „Тошо Даскало“. Реконструкцијата опфаќа промена на водоводната мрежа, промена на мешовитата канализација и нов коловоз. Вредноста на оваа инвестиција е 20.632.300 денари.

Заврши целосната реконструкција на објектот на урбаната заедница „Кочо Десано“, како дел од програмата на градоначалничката Наташа Петровска и локалната самоуправа за функционални месни и урбани заедници.

Дел од локалното население кое го користи објектот, ја поканија градоначалничката Петровска со цел да и се заблагодарат што им овозможи катче за рекреација, забава и разонода не само на повозрасната генерација, туку и на нивните деца и внуци.

„Ниту еден градоначалник до сега не дошол овде, не ги ислушал нашите проблеми и желби, а не пак, да ги реализира. Вие нè слушнавте и ја реконструиравте оваа месна заедница. Сега можеме да ја користиме за средби, игри, ама во исто време да бидеме и со нашите внучиња“, истакнаа жителите.

Во објектот на урбаната заедница „Кочо Десано“ комплетно е променета водоводната и канализационата мрежа, како и електричната инсталација. Се изврши поправка на сите оштетени делови на објектот, комплетна промена на дограмата и уредување на фасадата.  Вредноста на реконструкцијата на објектот изнесува 928.000 денари.

По реконструкцијата на објектот, следуваше комплетно партерно уредување на просторот, кое опфаќа нов бетонски потпорен ѕид, надграден со метална ограда со различна висина. Теренот за кошарка е обложен со пластифициран под, а се обновија и кошевите, поставени се клупи, табли за шах. Делот наменет за најмладите е овозможен по претходна дислокација на два бесправни објекти, по што се изврши поплочување со гумени плочи и реновирање на детските реквизити. Се изврши партерно уредување на влезот со бехатон плочи и странично уредување со бехатон плочки. Поставена е рампа за инвалидизирани лица, кои исто така се добредојдени во објектот.  Зафатот во партерното уредување чини 1.152.289 денари.0


Во тек е целосна реконструкција на фасадата на една од најстарите градби во Битола, зградата на земјоделското учичиште.


Во тек е изведбата на коловоз на улицата „Тошо Даскало“, како финална фаза од реконструкцијата на оваа улица. Асфалтирањето е во должина од 503 метри и чини 6.259.850 денари.

И градинката "Пролет", клон на ЈУДГ "Естреја Овадија Мара" е целосно обновена и со нов изглед.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани