2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Седницата на Совет беше неправилно прекината, рече министерот за локална самоуправа Пенов

Мај 17, 2023

Седницата на Советот на Општина Битола беше неправилно прекината, рече министерот за локална самоуправата Ристо Пенов денес во Битола одговарајќи на новинарско прашање што утврди Државниот инспекторат по надзорот извршен во Советот. Седницата на 20 април беше прекината од страна на претседатлката на Советот, Габрила Илиевска од граѓанската иницијатива Поинаку со образложение дека постапила по член 65 од деловникот за работа и дека по напуштањето на седницата на советниците од СДСМ сакала да направи дополнителни консултации со советничките групи. Но, советниците од ВМРО-ДПМНЕ, Левица и ДУИ избраа друг претседавач на седницата и ја продолжија, па беа изгласани завршните сметки на јавните претпријатија од кои дел се со загуби. Седницата продолжи и следната недела кога локлното мнозинство предвоидено од ВМРО-ДПМНЕ кворум постигна со Левица и ДОМ. По ова Илиевска го повика Државниот инпекторат за локална самоуправа да изврши надзор за случувањата во Советот.

„Тоа е во наделжност на инспкеторатот и тие се независни во тој поглед. Таму има неколку работи. Седницата е, како да речам, неправилно прекината. Точките што се изгласани до прекинот не се потпишани, што е прекршок. Продолжението е со потребно мнозинство и тие точки што се гласани со тоа мнозинство , ќе бидат, јас сега прејудицирам инспекторот носи одлука, ќе бидат потврдени. Има деловнички точки кои бараат квалификувано мнозинство кои не можат да бидат прифатени, ќе мора да бидат обновени. Но, во секој случај ќе направиме напор Советот да продолжи со работа и Општината да функционира нормално“, рече Пенов.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани