2win800x200

Отворен „Малиот битолски Монмартр“- за мецена на уметноста прогласен Бугаринот Милен Врабевски

Мај 24, 2023

Во присуство на детски ликовни амбасадори од целиот свет и со доделување на награди, вчера вечер на платото во старата битолска чаршија беше отворено 42. издание на Детската ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“ и 41. Светска детска ликовна изложба „Битола 2023“. Манифесатцијата за отворена ја прогласи градоначалникот на Битола Тони Коњановски.

Коњановски:Битола инспирација за детски  ликовни творци од целиот свет 

„Битола, со своите специфики, култура, историја и традиција, од вечерва во следните 7 дена, повторно ќе биде место во кое убавината на староградската и урбана архитектура, ќе биде инспирација како за домашните млади ликовни уметници, така и за гостите – учесници од 13 земји од светот“, рече Коњановски.

тони

Костадиновска-Стојчевска: Монмартр е македонски бренд

На отворањето присуствуваа и министрите за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и за локална самоуправа Ристо Пенов, како и претставници на амбасади и конзулати во земјава.

„’Малиот битолски Монмартр’ е македонски бренд кој ја промовира нашата држава не само дома туку и надвор. Детското ликовно стоди годинава слави јубилеј 55 години од основањерто и има за цел да ги промовира македонската уметност, култура и историја низ светот. Министерството секоја година е партнер на ‘Монмартр’ и во континуитет финансиски ги поддржува проектите на Детското ликовно студио. За оваа година, добија досега највисока сума на поддршка од 240 илјади денари“, рече министерката.

бисера

Неделковски: Некој сакаше да не опстои манифестацијата

Годинешните колонија и светска изложба беа финансиски поддржани од Општина Битола до 5000 евра, Министерство за култура 4000 евра и Милан Врабевски , како главен финансиер со 17 500 евра.

Организаторите на манифестциите- Детското ликовно студио „Св. Корил и Методиј“ на свеченото отворање јавно се пожалија дека некој очајно сакал тие да не постојат, но опстоиле.

„Детското ликовно студио слави 55 години постоење. Тоа започна од Битола и остана во Битола иако некои последната година очајно сакаа да не биде повеќе така. Ова студио е најголемиот амбасадор на Севрна Македонија на светско ниво. Нема точка на земјата каде не сме познати по овие манифестации. За жал, и тоа некој очајно не сакаше да постои. Но, ќе останеме доследни на нашата мисија која е толку детски наивна што бевме разочарини колку некој сакаше да ја исполитизира“, рече Славчо Неделковски, член на УО на ликовното студио.

346130727 6036313959780245 5131467354757747884 n

За мецена прогласен Бугаринот Милен Врабевски, се обрати на бугарски, а беше преведен само на англиски јазик, не и на македонски 

На отворањето беа доделени награди на учесниците, кои годинава ги има 120 од целиот свет. Беа доделени награди и на поддржувачите на манифесатцијата и тоа на градоначалникот Тони Коњановски, па на францускиот амбасадор, бугарскиот и грчкиот конзул, а наградата за мецена- патрон на уметноста беше резервирана за Бугаринот Милен Врабевски кој ја поддржа колонијата со 17 500 евра.

Врабевски не можеше да присуствува на отворањето, но имаше видео обраќање во кое порача дека и во Северна Македонија може убаво да се живее ако правилно и целосно се имплементираат вредности на Европа.

„Преку свој личен пример ни преку фондацијата ‘Бугарско сеќавање’ со Елена и Славќо реализиравме низа проекти кои фокусот ја имаат слободоумноста и чистата мисла на детската визија ослободена од политики и лаги. Децата мора да го живеат својот сон и не смееме да оставиме тој да биде базиран на нивната желба да ја напуштаат сопствената државата за подобра перспектива. И во Северна Македонија може убаво да се живее ако правилно и целосно се имплементираат вредностите на Европа кои се клуч за добобро денес и утре“, рече Врабевски.

За првпат на Монмартр имаше обезбедување

348384290 604986938265538 5955885078652504990 n

349036806 632010035156027 3665659350502832093 n

Сопругата на Коста Хаџи Антоновски присутна на манифестацијата 

 

346118394 199701606313392 8722057567386945865 n

стота

амбасадори

348382965 6328421463913146 2576608977575079953 n

уцесници

учесници2

348380444 1325457351739431 4354625859440854964 n

 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани