2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Макрадули: Субвенции за инвертори најпрво за социјално ранливите категории

Септември 11, 2019

Ранливите социјални категории домаќинства кои живеат во најзагадените градови Битола, Кичево, Скопје и Тетово ќе бидат приоритет за бесплатна замена на печките на огревно дрва со инвертер-клима. Субвенцијата ќе биде во вид на ваучер во износ од 60.000 денари, најави денеска на прес конференција заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули.

-Постапката прв дојден – прв услужен мислиме дека нема да биде фер, приоритет ќе имаат зоните со највисоки емисии во воздухот и таканаречените ранливи потошувачи. Во овој момент најцелисходна варијанта на имплементација е да се донесе законско решение во вид на ваучери во коишто граѓаните би ја добиле сумата на нивен избор да не биде Владата тоа да го прави…“, рече Јани Макрадули, Заменик-министер за животна средина.

Вкупната годишна сума за затоплување на 60 метри квадартни со инвертор клима чини 11700 денари, а оваа површина со печка на дрва би се затоплувала по цена од 18 500 денари, рече Макрадули.

Но, сите домаќинства кои би ја искористиле оваа владина мерка за бесплатно да ги заменат печките на огревно дрво со инвертори, ќе мора да потпишат договор со согласност дека нема веќе да се грејат на дрва. Потоа општините би контролирале дали тие ги палат печките. Според очекувањата, оваа мерка, со која власта се стреми да го намали загадувањето на воздухот во зимеските месеци, би требало да почне да се споведува на почетокот на грејаната сезона.

Генералниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, вчера најави дека за оваа мерка ќе бидат обезбедени од три до четири милиони евра од буџетот на Државните Електрани.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани