2win800x200

Уникатната изложба со златните маски од Требениште, по Скопје ќе биде поставена во Софија

Август 22, 2023

Ексклузивните наоди од некрополата Требенеште, кои во 2019 година во соработка на музеите на Северна Македонија, Србија и на Бугарија, беше поставена во Скопје, како што беше тогаш најавено, го продолжува својот пат и ќе биде претставена пред бугарската јавност, во Националниот археолошки институт со Музеј при Бугарската академија на науките во Софија.

Владата ја разгледа и ја усвои и Информацијата од Министерството за култура за реализација на меѓународната изложба која е уникатна по наодите кои ни го претставуваат животот покрај Охриското Езеро од 6  до 4 век пред нашата ера. Во поставката се и прочуените златни маски кои се чуваат во Белград, Софија и една во Охрид, и кои за прв пат на оваа изложба се изложуваат заедно.

Покрај уникатноста на наодите, оваа поставка е уникатна и по тоа што на овој локалитет работеле археолози од трите земји каде што преку своите институции го афирмираат културното наследство од требенишкиот локалитет. Како плод на соработката на стручните тимови на Археолошки музеј на Северна Македонија, со Националниот археолошки институт со музеј во Софија, Бугарија и со Народниот музеј на Србија во Белград каде што се чуваат вредните артефакти од некрополата, во 2019 година се реализираше изложбата која заокружи единствена приказна за случајното откритие во 1918 година, во близина на селото Требениште, кај Охридското Езеро.

Со огромен интерес од јавноста беше проследена уникатната поставка „100 години Требенеште“ , која во Скопје беше отворена 6 месеци, а која во Софија ќе биде реализирана како „105 години од Требенеште“.

Со оваа изложба продолжува соработката помеѓу трите земји за заокружување на ексклузивната приказна за Требениште кое е прв и можеби единствен пример на локалитет што е истражуван од три земји, промовиран преку три музеи, од Скопје, Белград и Софија.

маска

Trebeniste 3

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани