2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Општина Новаци со честитка за 8 -ми Септември, Денот на независноста

Септември 07, 2018

Почитувани сограѓани,

Од мое лично име и од името на Советот на Општина Новаци , дозволете ми на сите граѓани да им го честитам 8-ми септември – Денот на незавиноста на Република Македонија.
На овој ден, пред точно 27 години граѓаните на Република Македонија сосема храбро и одлучно се решија за своја сопствена, самостојна и суверена држава, остварувајќи ги вековните идеали на своите предци.

 

Денес Република Македонија мошне смело и успешно чекори по својот трасиран пат на развој и просперитет.По патот кој значи реформи и проекти за подобар живот ,борба за економски раст и развој , битка за нови работни места и посветеност за целосна интеграција на нашата држава во НАТО И Европската Унија.
Нам, на сите граѓани ни преостанува да продолжиме да работиме за просперитетна и сигурна иднина на нашите деца. Сите заедно сплотени и обединети да ја возидигнеме Република Македонија во држава со кoja ќе се гордееме!

Нека ни е честит и вековит 8-ми септември.
Да живее Република Македонија!

Со почит,

Градоначалник Љубе Кузманоски

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани