АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Со влезот во НАТО и ЕУ, законите ќе бидат исти за сите граѓани. Ако вие платите за погрешно паркирање и претседателот ќе плати ако го стори истото прекршување, изјави амбасадорката на Хрватска Даниела Баришиќ на форумот „Перспективите од НАТО интеграцијата- Што ќе донесе пристапниот процес за Македонија и нејзините граѓани“.
Амбасадорката на панел дискусијата, која беше организирана во рамки на проект поддржан од УСАИД, рече дека членството во НАТО и ЕУ на Хрватска ѝ донело многу предности.
„По влезот во НАТО, во Хрватска се удвоија странските инвестиции иако беше тоа период на економска криза. Секој инвеститор сака да инвестира во стабилна земја каде законите не се менуваат како што на некој ќе му текне кога ќе се разбуди наутро“, рече Баришиќ.
(Амбасадирката од Хрватска Данијела Баришиќ на трибината во Битола)
Стево Пендаровски, националниот координатор за НАТО, рече дека со влезот во Северноатланската алијанса ќе се понуди сигурност за границите зашто во последно време и јавно се зборува дека и границите на Балканот не се сигурни, ќе се подобри бизнис климата и просперитетот за граѓаните.
„Ако тогаш одите за професионален развој во странските држави тоа ќе можете да го направите со македонскиот пасош“, рече Пендаровски.
Деканот на Правниот факултет во Битола, Горан Илиќ изјави дека НАТО ќе ни помогне да ги зајакниме инститициите во државата.
„Тоа е концепт не на силни лидери, туку на силни институции, оти ако се силни лидери тогаш можеме да зборуваме за други режими, а не за демократија. НАТО воедно ќе значи гарантирање на безбедноста, одбраната на Македонија и гарантирање на територијалниот и национален суверенитет на Македонија“, рече Илиќ.