АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
-Во последно време се почесто слушаме за професионален коуч, да ни објасните подетално што е тоа?
Најкратко кажано, коуч е човек кој ги поддржува клиентите на нивното исклучително лично животно патување. Одликата на добриот коуч е да препознае што му е потребно на клиентот да стигне до целта. Тој не советува, не дава свои решенија за животните ситуации туку ги изнесува и осветлува вашите идеи, ви помага да осознаете што сакате од себе, ве поттикнува да се соочите или да ја промените перспективата. Тој ви пружа јасност во дефинирањето на целите, можност за носење одлуки, покренување на акција. Со најмала интервенција ве поттикнува на најдобар можен резултат.
-Какви методи користите во работата и постојат ли готови решенија за одредни проблеми?
Познавајќи различни методи како што се специфичен начин на поставување на прашања, НЛП техники, констелации, вежби за визуелизација, метафори и слично ви помага да отворите нови, лесни и побрзи патишта од проблемот до решението. Коучот не пружа готовo решение бидејќи никогаш не знае што е добро за клиентот. Тој е неутрален и во процесот на коучинг е ваша поддршка полесно, побрзо да стигнете до целта и да ја преземете одговорноста за случувањата.
-Дали секој може да биде коуч?
Овој поим не е заштитен што значи дека секој може да се нарече така. Професионалите коучи, сепак, зад себе имаат многу интензивни и долготрајни едукации кои ги докажуваат со сертификати и лиценци. Коуч се станува во директна едукација со искусни тренери на некои од специјализираните институти за тоа. Достапни се и постојат и интернет обуки. Она што јас како субјективно чувство го носам во себе, а за мене е вистина е дека коуч не се станува преку интернет. Тоа е само можност за проширување на основата која ја имаш.
-Откријте ни како ти Вие ги стекнавте знаењата за оваа дициплина?
На коучинг академијата Славица Сквајер во Белград каде јас се сертифицирав конкретно има тренинг составен од 8 модули, 20 задолжителни супервизии, 50 изработени практични коучинг сесии документирани и проверени, над 200 часа прочитана литература, изработка на личен коучинг концепт, како и најмалку 5 сесии во улога на клиент за да ги исполниш условите за сертификација за која следи обемен тест и усно излагање. Сертификатите се меѓународно признати, a обуките се акредитирани од Европската коучинг асоцијација. До сега имам одржано три предавања, и истите ги комбинирам со Неуро-лигвистичко програмирање која е методологија за личен и професионален развој произлезена од истражувања како комуницираат, се однесуваат и работат исклучително успешни луѓе.
Зошто се одлучи да се посветиш на оваа дисциплина?
Затоа што во мене буди страст. Оваа наука беше иницијална каписла за промена на одредени работи и да се запрашам ,,дали сум она што сум или можам да сум она што сакам да бидам?“ Ја сакам оваа наука, овој процес во кој се допираат душите.На едно место се сполотени моите амбиции,едукации, љубовта, хуманоста и чувството на задоволство. Таа ми помогна да ја поттикнам вербата во себе, да ги ослободам внатрешните потенцијали,да носам поинакви избори и одлуки, се охрабрам и живеам порадосен и поисполнет живот.
-Дали вештината и знаењето што ги стекнавте ќе ги преточите и во книга?
Првата книга која е еден вид прирачник за лична трансформација е напишана пред околу две години, но сеуште ја немам објавено. Најверојатно постои причина зошто не и дошло вистинското време до сега. Пред неколку месеци започнав да ја пишувам мојата втора книга, таа се однесува на коучингот. Понекогаш чувствувам потреба да им пренесам на луѓето дека постои нешто друго, нешто на кое може да се препуштите, нешто во кое можете сосема да ја промените сликата за самите себе. Таа книга ќе оставам да се ,,роди“, полека и сметам дека ќе биде преполна емоции и примери.
Има ли примери кога коучингот им помогнал на другите луѓе?
Бројни примери, треба само да се види нивниот израз на лицето во ,,аха ефект,, додека се запознаваат самите со себе, зајакнуваат и откриваат на кој начин да се стигне до решението на животните тешкотии како и радоста при сознанието дека одговорноста можеби е сепак на нас.
-Кој е проблемот со кој се соочува денешниот човек и како треба да гледа на животот?
Според мене внатрешното незадоволството е проблем со кој се соочува денешниот човек.Тука и таму, повеќе и помалку луѓето кукаат како се незадоволни од државата, политичарите, партнерот, децата, платата, здравјето, колегите на работа, газдите, условите... Денешниот човек не е свесен за сето она што го има наспроти она што му недостига. Ако се потруди да го промени фокусот на она што денес го има, а го зел ,,здраво за готово“, ќе се пробуди знаејќи дека е богат само што ги отворил очите и има можност да ги одбира своите мисли, вредности и да ги менува уверувањата кои го кочат како и свесно да го предизвка и менува својот емоционален статус. На животот треба да се гледа како на едно патување во кое ние го одредуваме превозното средство, дестинацијата и нашите сопатници.