АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Генералниот секретар на СДСМ и пратеник Александар Кирацоски на денешната прес конференција соопшти дека во Собранието има обезбедено мнозинство од 80 пратеници за усвојување на уставните измени согласно договорот од Преспа.
„Со иницирање на уставните измени Република Македонија станува дел од ЕУ и НАТО. Често ме прашуваат дали обезбедивте двотретинско мнозинство. Јас таа фраза обезбедени пратеници не сакам да ја користам, туку имам информации дека минимум 80 пратеници, впрочем и нешто над 80 пратеници, се уверија дека иднината на РМ е единствено во НАТО и ЕУ, а тоа е условено со Преспанскиот договор и уставните измени, што треба да се случат најдоцна до петок неделава“, рече Кирацовски.