Webp.net gifmaker

Синоќа гореа василичарски огнови низ Општина Новаци

Јануари 14, 2019

Православните христијани денеска ја слават Василица , а бројни маала низ општина Новаци  синоќа традиционално ги запалија василичарските огнови околу кои во весело расположение , со греана ракија , вино и скара се прослави Стара Нова година и Василица.

Градоначалникот Љубе Кузманоски  ја прослави Василица  со своите сограѓани . Ги посети големите  маалски василичарски огнови  од каде испрати порака  да се негува традицијата и обичаите и да се пренесуваат  на идните поколенија.

“Овие празници како дел од нашата традиција  ни даваат можност  да се собериме сите заедно на едно место , на едно огниште кое симболизира заедништво , единство и сите заедно да ги одбележиме традиционалните вредности кои всушност  се и белег на нашето постоење.Ова зедништво  ги зајакнува меѓусебните  врски во нашата локална заедница. Дружењето со соседите  , пријателите  , блискоста меѓу младите  дава посебно чувство на среќа , задоволство и исполнетост. Да си подаваме рака , да се помируваме , да бидеме единствени и сплотени не само на ваквите празници туку тоа да ни биде секојдневие. На сите граѓани на општина Новаци  и на сите православни верници им ја честитам Стара Нова година и Василица со желби за здравје , среќа и бериќет ”– истакна градоначалникот Кузманоски.

22222

 

1111111

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани