2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Маја Андоновска Илијевски: Ако нема заинтересирани салата за свадби да оживее како угостителски објект, ќе барам пренамена на просторот

Јануари 25, 2019

-Салата за свадби во Центарот за култура во Битола е простор кој што е предвиден за угостителски објект. Бараме некој кој што би бил заинтересиран да го работи како ресторан, бидејќи Центарот за култура нема лиценца за угостителска дејност.

Во изминатите неколку месеци дојдоа неколку усгостители и го гледаа просторот, но немам повратен одговор од нив. Жал ми е  што овој прекрасен простор во центарот на Битола пропаѓа. Но, си дадов рок од една година да видам дали ќе има заинтересирани за да го оживееме како угостителски објект. Меѓутоа, ако тоа не се случи ќе испратам барање до Министерство за култура за пренамена на просторот. Имам идеи за пренамена, може да биде изложбен или простор за перформанси, сала за конференции, односно мултифункционален простор. Сепак,  не би сакала да зборувам пред време за работи кои што во однос на документација се поинаку поставени. Треба да се изоди еден пат за да се изврши пренамена, изјави Маја Андоновска Илијевски, директор на Центарот за култура

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани