АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Од овде, од мојата Битола, граѓаните силно одговорија на јавниот повик за потпис за поддршка на нашиот Стево Пендаровски. Граѓаните денес масовно ширим нашата држава излегоа и дадоа потпис за нашиот кандидат за претседател на државата.
Од Охрид до Берово, од Тетово до Крива Паланка, до Скопје и Куманово граѓаните масово ја дадоа својата поддршка. Сакам да истакнам дека во нашата историја ова е единствената кандидатура за претседател на државата која што е поддржана од над 20 илјади граѓани, од 60 пратеници и од над 30 партии. Македонци, Албанци, Турци, Власи, Роми, Срби, Бошњаци сите заедно се обединија околу Стево Пендаровски. Ова големо обединување и оваа силна поддршка, ова заедништво, наговестува каков ќе биде изборниот ден на 21 април. На граѓаните на нашата држава потребен им е пред се вистински претседател кој гледа напред кон перспектива и ќе ја води државата кон ЕУ и НАТО. Со еден збор, на нашата држава и на граѓаните потребен им е Стево Пендаровски. Одиме кон голема победа за доброто на нашата држава, изјави во Битола Александар Кирацовски шеф на Изборниот штаб на СДСМ на престојните претседателски избори .
Кирацовски рече дека до 14 часот денеска се собрани над 15 илјади потписи и истата бројка до крајот на денот ќе биде надминат над 20 илјади потписи.