АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во Градскиот парк во Битола се подига споменик за италијанските војници кои се бореа на Макeдонскиот фронт 1916-1918 година. Постаментот со спомен плочатa и партерното уредување се веќе направени и се чека денот кога свечено ќе бидат претставени пред јавноста, иако на споменикот пишува„ Битола, декември 2018“.
На спомен плочата стои-„Далеку од својата татковина, 50 000 италијански војници се бореа на Македонскиот фронт. Околу 3 илјади загинати, околу пет илјади исчезнати и повредени. Голите бројки не можат да ги раскажат страотните страдања што тие ги претрпеле, ниту да ја измерат честа и храброста на италијанските борци во текот на трите тешки години војување во ровови. Нека идеалите за мир и слобода бидат инспирација за идните генерации.
По повод сто години од нивното жртвување Италијанска Амбасада во знак на вечен спомен, ја постави оваа плоча“.
Советот на Општина Битола претходно донесе одлука за поставување на споменикот и ја определи локацијата.