2win800x200

Андријана Митревска- Во секое второ семејство во Битола има по еден заболен од канцер или некој близок роднина

Март 28, 2019

Секој ден во Битола се регистрира по едно ново лице заболено од рак, секоја недела по една жена со рак на дојка, а неделно по два случаи со белодробен карцином, кажа Андријана Митревска од Здружението на граѓани за советување на поддршка на лица со карцином и лица кои се излечиле „Јасмин од Битола“.

Податоците за малигните заболувања во Битола заедно со извештајот за загадувањето на воздухот во февруари беа соопштени вчера на промоцијата на Платформата за следење на квалитетот на воздухот „Земи здив“ во Битола.

„Реалноста е дека во секое второ семејство има по еден заболен од канцер или некој близок роднина. Во Битола во 2016 година се лекувале 2044 битолчани од кои пет деца меѓу три и шест години, шест деца меѓу 7 до 9 години и четири од 10 до 14 години и два тинејџери од 15 до 19 години и 18 млади од 20 до 24 години. Немаме бројки за 2017 и 2018, но нашето здружение секој втор ден е контактирано од страна на новодијагностициран заболен од малигно заболување или пак некој кој го повторила болеста или се соочил со неа. Стапката на регистриран болнички морбидитет од малигни заболувања за 2010 година била 12,6 на 1000 жители, а 2018 изнесува 18,7 и расте. И јас бев една од нив, на 26 години ме зафати канцерот, на 28 години ме повтори, но горда сум што ја победив болеста“, рече Митревска.

Пет граѓански здруженија од Битола формираа платформа за следење на амбиенталниот воздух и поставија се седум сертифицирани мерни станици кои се набавени од независната глобална светска мрежа AIRLY и се референтни уреди. Тие мерат ПМ10, ПМ 2,5 и ПМ 1 честички. Станиците се донација, а во иднина мрежата ќе се зголеми до 20.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани