2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Битолчанец на чело на Електрани

Јули 17, 2019

Досегашниот директор на РЕК Битола Васко Ковачевски ќе биде идниот генерален директор на Електрани на Северна Македонија. 

Владата на денешната седница, по предлогот за разрешување на околу 40 директори во јавните претпријатија, донесе одлуки и за препораки до Управни и Надзорни одбори за избори на нови членови.

Од Владата на НО на АД Електрани на Северна Македонија му е препорачано Васко Ковачевски да биде избран за член на УО, кој ја извршува функцијата генерален директор. Владата на денешната седница го разреши досегашниот претседател на УО  и директор на ЕСМ, Драган Миновски.

Ковачевски е директор на РЕК од декември 2017 година, а претходно во два мандата беше пратеник во Собранието од редовите на СДСМ. 

На лисите  што ги објави Владата за разрешување и именување на директори на државни установи, нема други битолчани

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани