АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Нудим решенија и ги решаваме проблемите на граѓаните, работиме чесно и одговорно, но за ова периодов помалку се зборува, рече на прес конференција Борче Корлевски од СДСМ, потсетувајќи на проектите за подобрување на условите во детските градинки во Битола.
-Континуираното лобирање на градоначалничката, придонесе Општина Битола да добие огромна финансиска помош од над 2 милиони евра во делот на образованието, социјална и детска заштита. Во делот на детската заштита и развој, во битолските градинки се набавија професионални машини за перење, кујнска опрема, мебел и др. Се обновија занималните, се реновираа и модернизираа кујните со цел подобра исхрана на децата згрижени во градинките. Со еден збор, се даде шанса на институциите да обезбедат нормални услови за правилен детски развој, рече Корлевски на денешната прес конференција и приложи фотографии за она како било и што е направено сега
Тој потсети и на покачувањето на платите на вработените во градинките.
-Вработените во градинките конечно го добија заслуженото уважување на трудот преку зголемување на платите. Платите на сите вработени пораснаа за 16% и ќе продолжат да растат во идниот период, рече Корлевски и додаде дека СДСМ работи вредно и добронамено, чесно и отворено.
-Но, за жал, за ова помалку се зборува. Затоа што лесно е да се критикува и да се префрлува одговорност, но не и да се делува во интерес на граѓаните, макар и по цена на губење политички поени. СДСМ и коалицијата и ова лето ќе го помине работно заедно со своите граѓаните за да покажеме и докажеме дека не, не сме исти, ние секој ден нудиме решенија и ги решаваме проблемите на нашите сограѓани, рече Корлевски