2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Општина Битола со награда и финансиска поддршка од 3 милиони денари за „Браќа Манаки“

Август 08, 2019

Годинава награда за докуметнарен филм ќе додели и Општина Битола. Одлуката општината домаќин да дели награда на филм од документарната програма паднала затоа што и браќата Манаки на времето својата филмска кариера ја започнале во областа на документаристиката.

 

„Овој фестивал го збогатува културниот живот на нашиот град, а дава и додадена вредност, препознатливост во меѓународни рамки. Оваа година општина Битола го поддржа фестивалот во делот на организација со 400 000 денари, но и во делот на сместување на гостите во висина од 2,5 милиони денари што значи дека финансиска помош е 3 милиони денари. Воедно, оваа година Општина Битола успеа да обезбеди средства од 8,6 милиони денари од Министерството за култура за ентериерно уредување на Киното Манаки она што беше започнато да речам во далечната 2013 година , па заедно со проектот ‘Кино култура’ кој успеавме да го реализираме со прекуграничната соработка со Грција, да имаме затворање на една функционална целина на тој објект, рече градоначалничкатаНаташа Петровска.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани