2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Милевски: Секој градоначалник сака да стави свои луѓе и администрацијата се дуе како балон

Август 20, 2019

На општините им е потребно целосно реорганизирање, бидејќи вака само се трупаат административци, порача денеска  министерот за локална самоуправа, Горан Милевски.

 

-Градоначалниците да влезат со тимови, кои ќе  имаат мандат додека трае мандатот на градоначалникот. Вака секој градоначалник сака да стави свои луѓе и администрацијата се дуе како балон. Тоа е невозможно да се издржи, изјави министерот за локална самоуправа Горан Милевски.

Тој рече дека Владата планира да го прошири процесот на децентрализација на локалната самоуправа и дел од надлежности на државата да преминат кај општинските власти.

-Разговаравме со сите министри, да видиме што тие се подготвени да отстапат од своите надлежности на општините. Ние правиме анализи, кон крајот на август се состанува експертскиот тим и ќе направиме некоја драфт верзија во која што сакаме да се вклучи и општината“, изјави Милевски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани