Првата агро-економ зона во државата ќе се гради во Општина Могила

Септември 06, 2019

Првата агро-економ зона во државата ќе се гради во Општина Могила во месноста викана Петилеп во атарот на селото Беранци.

За зоната е донесен детален урбанистички план и таа ќе се протега на површина од 19 хектари. Проектот е испратен до Министрество за транспорт и врски по што ќе следи одобрување и дозвола за градба од Владата на Република Северна Македонија. Зоната е градежно земјиште со цел фармерите да можат да изградат модерни фарми  и потоа да аплицираат за ИПАРД фондовите. Градоначалничката на Општина Могила Јасмина Гулевска вели дека зоната е добро подготвен проект во соработка со УСАИД и Локалната акциона група од Кривогаштани. При подготовките  е разговарано со млекопроизводителите, сопственици на семјени бизниси коишто во иднина треба да прераснат  во посериозни бизниси каде што ќе се промени традиционалниот начин на производство на млеко во современ, европски начин на млекопроизводство.  

Гулевска денеска беше домаќин на настанот на кој се најави проектот за зоната, а нејзини гости  беа  вршителот на должност амбасадор на САД, Џ. Р. Литлџон, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, директорот на ЈП Стрежево Менде Граматковски и  високи претставници на УСАИД .

-Општина Могила е центарот на Пелагонија, центарот на земјоделието и воедно млекопроизводството. Општината ги вложува сите напори да обезбеди развој во овој сектор, но и да ги насочи развојните политики , односно проширување на овој сектор во развивање на нови бизниси. Во соработка со  Министерството за земјоделие и УСАИД , Опоштина Могила ќе биде првата општина во која ќе се гради првата арго-економ зона во државата.Од зоната најпрво ќе имаат бенефит земјоделците и млекопроизводителите , односно за првпат во Македонија  ќе се градат модерни фарми  по европски терк, а исто така дополнително ќе се олесни и пристапот до европските фондови, изјави на денешниот настан градоначалничката Јасмина Гулевска.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, потенцираше дека владата  дава поддршката за осовременување на малите и средни фарми.

-Инвестициите во модернизирање на фармите и производството, развивањето на добри кооперантски односи помеѓу млекарниците и фармерите, преку помош за обезбедување на модерна опрема и советодавни услуги, е клучно за развој на млекопроизводството, за поголемо и поконкурентно производство. МЗШВ работи на развој на млекопроизводството преку мерките од Програмите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Во годинешната Програма за рурален развој се зголеми финансиската поддршка за мерката за набавка на приплоден добиток од 14 милиони денари на 91 милиони денари, рече министерот за земјоделство  Димковски.

Во агро-економската  зона од исклучително значење е водоснабдувањето за што во проектот се вклучува и хидросистемот на ЈП Стрежево .

-За да имаме успешно земјоделие и успешни стопански фарми и успешна  индустрија потребна е вода. Без вода не би имале ниту зголемено производство, ниту квалитетно производство. Годинава иако е сушна година редовно испорачувавме вода до секоја нива  и секоја сточарска фарма.  Што се однесува до зоната правиме проект водата да стигне и таму , квалитетно онака како што треба во големи количини,рече директорот на ЈП Стрежево, Граматковски.  

 

 

могила 2

могила 3

могила 4

могила 5 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани