2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Науката да не се смета за јавна потрошувачка, туку за капитална инвестиција, рече проректорот Неделковски

Ноември 11, 2019

Инвестирањето во наука и општо во образованието се капитална инвестиција, а не јавна потрошувачка, порача проректорот за настава на Универзистетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, проф. д-р Игор Неделковски. Пораката ја упати на Меѓународниот ден на науката, признавајќи дека не само кај нас, туку и во други држави од опкружувањето, па и поразвиени земји науката е на маргините.

 

„По било кој параметар во нашата земја, но и во други во опкружувањето, па и поразвиени земји науката често е на маргините. Во Македонија е рак рана и тоа го зборуваме од осамостојувањето секоја година. Мора да се зголеми финансирањето на науката, да се сфати дека инивациите се поврзани со научни истражувања. Многу малку иновации се со еурека ефект, инивациите и економијата се базирани на наука. Науката не смее да се третира како јавна потрошувачка, туку како капитална инвестиција“, изјави Неделковски.

Проректорот посочи дека за да се развива науката мора да има подмалдок во научните кругови и универзитетите, да се обезбедуваат средства за истражувања, за конференции и патувања кои често се кратат за да се вложи во инфраструктурни прокети.

“Кадарот, односно научен подлмладок е уште поголем проблем, имавме статистика од истражување дека на нашиот Увиверзитет асистените се само 10 проценти. Треба да разбереме дека науката е меѓународна , нема локална наука“, рече Неделковски.

Денот на науката беше одбележеан на Битолскиот универзитет со излагања на професори и претседателот на Македонското научно друштво, д-р Марјан Танушевски, кои оставриле сериозни научни истражувања.nauka

nauka 3

Ж.З.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани