Почитувани граѓани на Битола,

Сакаме да Ве известиме дека Платформата за следење на квалитетот на амбиенталниот воздух ЗЕМИ ЗДИВ Битола на денешната седница на Управниот одбор донесе Одлука со која за време на предизборната кампања за престојните предвремени парламентарни избори, ПЛАТФОРМА ЗЕМИ ЗДИВ како правен ентитет - НЕМА да земе учество на никакви јавни трибини, дискусии, тркалезни маси или разни политички настани организирани од страна на политички партии, независни листи или било какви формални и неформални политички собири. Оваа Одлука не го исклучува правото на основачите на Платформата индивидуално да бидат дел од вакви настани, но тие немаат овластување да ја претставуваат или да зборуваат во име на Платформата.

Од полноќ во Битола ќе биде надминат прагот на информирање, а според Платформата „Земи здив“ и прагот на алармирање и со тоа да стапат на сила препораките предвидени за намалување на аерозагадувањето.

Од Платформата „Земи здив“ апелираат до Општина Битола да го вклучи алармот и да превземе соодветни мерки за заштита на нејзините граѓани. Препораките кои треба да ги превземе се наведени на веб страната на Министерството за животна средина.

Битола вчера вечер била повеќе загадена од Новаци иако на нејзина територија е комбинатот „РЕК“ Битола. Ова го покажаа податоците од деветтиот сезнор што го постави Платформата „Земи здив“ за следење на квалитетот на амбиенталниот воздух во Битола. Деветтиот сензор е поставен на фасадата од општинската зграда во Новаци оддалечена на 2 километри од РЕК, а во Битола на различни локации се поставени осум други мерачи на квалитетот на воздухот од „Земи Здив“.

Средномесечните концентрации на ПМ 10 честичките во Битола во јули биле под максимално дозволените граници од 40 микрограми на метар кубен, но, загрижуваат податоците за средномесечните концентрации  за ПМ 2,5 честички кои на сите локации каде има мерни станици во градот се движеле над просечно пропишаните 10 микрограми на метар кубен.

Страница 1 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани