2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

За првпат по 40 години започна темелна реконструкција на улицата „Илинденска“

Февруари 26, 2020

Започа реконструкцијата на улицата „Илинденска“ во Битола во должина 2,1 километри , која ќе се спроведе во три фази. Санацијата на оваа улица ќе ја опфати примарната и секундараната канаизациона и водоводна мрежа и коловозот, а вакви темелни зафати на оваа сообраќајница не се спроведени повќе од 40 години. Од општинскиот буџет издвоени се  со 32,7 милиони денари или над 500 илјади евра.

-Улицата „Илинденска“ претставува една од главните сообраќајни артерии во Битола. Со нејзината реконструкција очекуваме да се подобрат условите за жителите од оваа улица, но оваа сообраќјница е значајна за целиот град, бидејќи треба да го промени протокот на сообраќај. „Илинденска“ изгледаше ужасно во изминатиот период и поради тоа беше избегнувана како сообраќајница, рече градоначалничката Наташа Петровска, на денешениот почеток на градежните активности.

IMG 20200226 110623

Таа побара соработка од сите оние кои се вклучени во реконструкцијата на една од нaјдолгите, но и најсложени улици во градот, со оглед на тоа што оваа сообраќајница минува низ густо населена зона.

-Во изминатиот период јавните претпријатија потврдија дека рабоата експедитивно, дури ги извршувале работите пред зацртаните рокови. Бидејќи имаме над два километри опфат на инфраструктурна линија која е поврзана со многу куќи, во оваа прилика повикувам на целосна кооперативност од страна на граѓаните, бидејќи и најмал застој би бил лош и за нас и за граѓаните. Важно ни е граѓаните да соработуваат во делот на секундарните зафати , но исто така реконструкцијта подразбира и посебен сообраќаен режим. Сето ова треба да биде синхронизирано максимално совесно и одговорно од сите чинители, и од Општината, и од изведувачите, но и од граѓаните. Апелирам ова да го направием максимално брзо, рече Петровска.

IMG 20200226 110222

Исто така, Петровска рече дека жителите навреме ќе бидат информирани кога реконструктивните зафати ќе дојдат до нивните куќи, за да пријават секундарен приклучок, а не тоа да се прави во периодот после асфалтирање на улицата, поради што е потребно потворно копање на новиот асфалт.

- Токму затоа апелирав и на поддршкана граѓаните, затоа што многу често се случува да се асфалтира некоја улица, по што се јавуваат граѓаните дека имаат потреба за секундарен приклучок. Граѓаните ќе бидат навреме известени во кој период ќе се стигне до нивните куќи за да активностите одат синхронизирано. Сметам дека дури и како Совет потребно е да донесеме одлуки кои во иднина ќе дефинираат вакви ситуации, оносно доколку ископот на секундарниот приклучок се пријави кога се санира некоја делница да има една финансиска оптовареност за граѓанинот, а друга цена кога веќе санирана делница ќе треба да се отвора за ваков приклучок. Само на овој начин може да се однесуваме одгворно, бидејќи ако ново асфалтирана улица дури и малку се отвори, колку и да се санира со лепење на асфалтот, не е исто како и компактен асфалт, вели Петровска

Од Општина Битола информираат дека поради почеток на реализација на проектот „Реконструкција на мешовита канализациона мрежа, реконструкција на водоводна мрежа и реконструкција на коловоз на улицата „Илинденска“ во должина од 2131 метри, воведена е времена измена на режим на сообраќај на потегот од улица „Прилепска“ до улица „Панде Кајзерот“. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани