АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Општина Битола упатува апел да се почитуваат препораките и законските одредби донесени од страна на Владата, како и препораките дадени од страна на Општина Битола. Градоначалничката, Наташа Петровска апелира до своите сограѓани да се однесуваат одговорно кон своето и кон здравјето на сите останати во заедницата:
-Да се почитуваат сите законски мерки и препораки донесени од страна на Владата на РСМ, особено за дневното собирање по локали, кладилници и останати места кои претставуваат потенцијална опасност за здравјето на сите битолчани.
-Општина Битола ги информира граѓаните дека превозниците кои вршат општински линиски превоз на патници во Општина Битола, од 13.03.2020 сообраќаат на линиите само до 17.00 часот. Воведувањето на оваа мерка овозможува доволно време за исполнување на заклучокот донесен на 15-тата седница на Владата на Република Северна Македонија, со која сите јавни претпријатија и приватни компании што вршат јавен превоз на патници да вршат редовна дезинфекција на превозните средства, како и: возрасните и високоризичните категории на граѓани со хронични болести да го намалат своето движење и да го избегнуваат јавниот превоз.
-Општина Битола ги извести сите авто-такси компании, нивните возачи да возат со заштитни маски и ракавици и секој ден да ги дезинфицираат возилата.
-Општина Битола ги почитува сите дадени препораки да не доаѓаат на работа лицата со хронично заболување, како и бремените жени.
-Официјално е доставено барање до Центарот за јавно здраавје да се изврши дезинфекција на градинките, основните и средните училишта на територијата на Општина Битола.
-Доставено е барање да се изврши дезинфекција во зградата на Општина Битола
-Граѓаните кои доаѓаат во општинската зграда, сите потребни документи или барања да ги доставуваат само на шалтерите во општината.
-Општина Битола, во својот објект, како и во сите објекти под нејзина надлежност (јавни претпријатија и училишта), достави дополнителни средства за хигиена, а достави барање да се вршат зголемени мерки за дезинфекција со дополнителни хигиенски средства.
-Градоначалничката Наташа Петровска, до сите директори на основните и средните училишта, упати апел преку класните раководители, дополнително да се изврши едукативен и превентивен апел до сите ученици, да избегнуваат групни собирања во кафулиња или други места, со што што би се заштитиле самите себе, како категорија која можеби не припаѓа во ризична група на влијание од корона вируост, но на овој начин би го заштитиле здравјето на своите повозрасни најблиски.
„Почитувајќи ги препораките, се заштитувате самите себе, но и Вашите најблиски, особено што веќе едно лице од Битола е ставено на тестирање од корона вирусот“, порача градоначалничката Наташа Петровска, во апелот упатен до жителите на Општина Битола.