Не е предизборен поткуп, туку редовна помош за невладините во Битола, возврати Груевски на пресот на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје

Јуни 04, 2020

„Небулози и површни тврења“, вака претседателот на Советот на Општина Битола, Валентин Груевски, ги оцени обвинувањата што вчера од Скопје ги упати Иванка Василевска од ВМРО-ДПМНЕ за битолска тема, поточно дека со објавениот оглас за финансиска помош на здруженија и спортски клубови се вршел поткуп на гласачи во предизборието.

„Се работи за процедура која оди секоја година во овој дел од годината и која претходно е потврдена со одлука на Совет донесена во декември 2019 година. Огласот кој го објавуваме се носи на Комисија за финансии на која јас сум претседател , но овој оглас го изгласа присустните членови на Комисијата едногласно , не присутвуваше само еден член на комисијата. Тоа се членови од сите политички партии и ни еден од тие членови немаше забелешка ни за времето на објавување, ни за содржината, а седницата на Комисијата беше на 20 мај. Има записници за тоа“, рече Груевски.

 

ВМРО-ДПМНЕ во огласот за финансиска поддршка на граѓанските организации во Битола виде изборен поткуп, а пресот иако темата битолска го одржа во Скопје.

„Повикот се објавува во ситуација на важечка вонредна состојба на територијата на целата држава, што ја доведува во прашање легитимноста и законската исправност на оваа одлука. Дали со распишување на овој оглас како и намалувањето на критериумот за учество на апликантите се отвора простор за поткуп на невладиниот сектор во очи на изборите? Информациите одат дотаму дека претставници на невладините организации се повикувани лично во партиските простории на СДСМ за да се потпишат на нивниот список за лојалност“, обвини Василевска од Скопје.

Груевски ги демантираше наводите на Василевска дека се врши поткуп и дека за да се прифати барање на здружение, тоа мора да потпише список на лојалност.

„Комисијата ги разгледува апликациите кога ќе дојдат и ги решава и истата Комисија во најголем број случаи своите одлуки ги донесувала едногласно. Се покажува во овој случај едно апсолутно непознавање на основните работи и она како функционира еден Совет. Бидејќи Комисијата одлучува, доколку некој е повикан од мене како претседател на Комисија да дојди да потпиши некаква лојалност слободно нека кажи дека сме го повикале во овој период“, рече Груевски.

Финансиски средства за здруженија на граѓани и спортски клубови од буџетот на Општина Битола се даваат со години наназад и во време на претходните локални власти. Се објавуваат во овој период од годината за здружениијата да има време да го завршат проектот, па затоа не е препорачливо огласите за тековната година да се објавуваат на есен или на зима.

Доколку има избори, Груевски рече дека изворот на проектите со кои ќе конкурираат НВО и спортските клубови ќе се изврши по завршувањето на изборите. Инаку и лани огласот беше објавен во јуни, поточно траеше до 27 јуни 2019 година. Овој пат огласот трае до 9 јуни, а издвоени се по еден милион денари за поддшка на здуженија граѓани и спортски клубови.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани