Исцрпени се сите потреби Мила Цароцска да продолжи и понтаму и да ја извршува вицепремиерската функција и да покрива ресор економија зашто ситуацијата е очајна, рече Силвана Ангелевска, кандидат за пратеник на ВМРО ДПМНЕ во петатта изборна единица, на прес конференцијата која ja одржа веднаш по посетата на Царовска во Офицерскиот дом.
,,Економијата не можете да ја водите како невладина организација, особено не во време на ваква пандемија. Бројките зборуваат за катастрофални резултати во економијата. Дали денес дојдовте да им кажите на битолчани за само 0,2 проценти раст на БДП во првиот квартал, за пад на извозот во април од 60 проценти, за пад на извозот од 21,5 проценти во првите четири месеци од оваа година споредбено со лани? Дојдовте денес во Битола да не охрабрите и успокоите дека за 5 месеци УЈП има потфрлање во собирањето на даноци за 25 проценти? 25 проценти изнесува и потфрлањето на наплатата на персоналниот данок", рече Ангелевска.
-Дојдовте да ги поддржите граѓаните и стопанствениците со трите паќет економски мерки од кои никој нема фајде_ Дојдовте да ни дадете надеж за нови инвестиции и работни места или можеби дојдовте со посебен паќет економкски мерки да ги охрабрире дел од вработените во Кромберг и Шуберт кои се исправени пред голема неизвесност поради вашата блескава економија. Битола не ви е најдобриот избор за поткуп и манипулација со граѓаните. Во Битола не ви поминуваат импровизациите, кон битолчани мора са се однесувате со почит и внимание, рече Ангелевска.