2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Министерот за култура Роберт Алаѓозовски за Офицерскиот дом изјави:

Јануари 17, 2018

Aдминистративните процедури беа отпочнати од претходно и очекуваме тие многу брзо да завршат. Проектот е изработен, ќе се направи ревалоризација и веднаш потоа почнуваме со работа зашто имаме сознанија дека објектот продолжува да се риунира. Ние парите ги имаме и веднаш ќе пристапиме кон спасување на објектот. Од Владата на Министерството за култура се префрлени 10 милиони денари за да се отпочне процесот за заштита на Офицерскиот дом.   

Граѓаните на Битола јасно кажаа дека сакаат тоа да биде културен простор. Детално за тоа во чие владение ќе биде, кој ќе управува и каков тип на култура и уметнички дисциплини ќе се изведуваат останува допрва да одлучиме. Ќе се направи јавна дебата во која преку учество на граѓанирте и граѓанските асоцијации ќе се дојде до најдобриот модел во однос на тоа каков тип на култура ќе се развива„.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани