2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Завршени 60 проценти од адаптацијата на Офицерски, Жбогар во посета на Домот

Јули 30, 2020

Шефот на Делегацијата на Европската Унија, Самуел Жбогар, заедно со градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска и министерот за локална самоуправа Горан Милески, денес извршија посета на градежните активности кои се во тек во Офицерскиот дом.

Градоначалничката Петровска, го информираше амбасадорот Жбогар, дека имајќи ги предвид сите околности во кои се одвива реконструкцијата, а кои се поврзани со состојбата со корона вирусот во светот, задоволна е од динамиката со која се реконструира овој објект од големо културно – историско значење за Битола.

 

Петровска нагласи дека, во моментот се изработени околу 60% од договорните услуги за адаптација на објектот.  Поставени се дел од плочките, вентилацијата, дел од парното греење, дограмата, а се работи и на фасада. Истовремено, се работи проект за партерното уредување на Офицерскиот дом, на целата површина заедно со дворното место.

Амбасадорот Жбогар и Градоначалничката Петровска, разговараа и за идејните решенија за понатамошна функционална употреба на објектот.

Проектот за реконструкција на Офицерскиот дом се реализира во рамките на потпроектот: „Зголемена туристичка понуда на Пелагонискиот регион преку реставрирање и адаптирање на Офицерски Дом заедно со партерно уредување“. Проектот го изработи Општина Битола и доби подгрант средства од Европската унија во рамките на подгрантовата шема на проектот „Локална и регионална конкурентност“, финансиран од ИПА 2 доверителскиот фонд на Европската унија, администриран од Светска банка.

Вкупната вредност на договорот со Проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК) изнесува 58.792.610,00 денари, каде 52.913.349,00 се средства на ПЛРК (LRCP), a 5.879.261,00 денари се средства од буџетот на Општина Битола.офицерски 2

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани