АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Специјалистот по интерна медицина доктор Кире Доновски од Болницата во Отешево, кој пред неколку недели работеше и во ГОБ „8 Септември“, деновиве со планот за ротација помага и во Ковид одделот при Клиничка болница во Битола. Тој на својот фејсбук профил им се заблагодари на колегите од Болницата за колегијалноста, приемот и целокупната соработка во борбата со ковид 19 пандемијата. Но, упати јавна критика кон младите зашто не се придржуваат кон мерките за заштита од болеста.
„Да напоменам дека крајно сум разочаран од целокупната популација, посебно младите луѓе кои не ги почитуваат мерките и препораките за заштита од Ковид инфекцијата. Би сакал сите да ја видат и сфатат сериозноста на целокупната денешна ситуација. Гледајки ги без маски, без физичка дистанца и немиење често раце, на сите им е потенцијално загрозено здравјето, а и животот. Додека некој во скафандер на +35'C го загрозува своето лично здравје а и здравјето на своето семејство, пружа натчовечки напори да сочува и спаси нечиј живот, крајно е неприфатливо и несфатливо однесувањето на општата популација кон непочитувањето на мерки кои можат да ви спасат здравје и живот. Носете маски, држете физичка дистанца и мијте раце на секои 20-30 минути...чувајте го најпрво личното здравје, колективното здравје...пазете се еден со друг“, порача докторот.