Webp.net gifmaker

ИМАШ ЛИ СОПСТВЕНИ ГРАНИЦИ? (Пишува Билјана Галовска)

Септември 18, 2020

Ноември месец 2018 , ден пред стемнување. Денот и ноќта се мешаа, како што понекогаш се миксира и нашиот животот, без наше барање. Со самото влегување во просторијата за коучинг, таа стана дел и од мојот. Седнува наспроти мене, личноста со широко отворени очи. Кога ќе поставам навидум непријатно прашање (додека меѓусебната комуникација ни кажува дека не е време да се отвори темата, која и двете знаеме дека стои како сенка во позадина) таа кажува нешто неважно. Има потреба да стекне доверба, да проговори, а сака искреност. ,,Додека губиме време,, и анализираме кои сме, чувствувам дека нема да е лесно она што ќе го каже. Немаш решение, а немаш одговор. Во суштина коучингот има прашања, кои генерираат ваши одговори, а насетувам дека очекува решение преку мојот одговор. А, тој го немам, не јас! Не, на начин каков што го замислуваше!

Се провлече тешка енергија низ просторијата. Тежеше и воздухот од нејзините усни: ,,Ме малтретира - проговори, и продолжи – размилував колку ќе биде лесно ако не постојам, одев и на психијатар”. Неколку минути владееше мртва тишина.

Прашав : ,,Имаш ли ти свои граници,,?

Х: ,,Немам,,!

Јас: ,,Кога би имала, која е твојата крајна граница,,?

Х: ,,Ја немам, не постои,,

Не беше нерешлив случај, таков нема. Денес веќе не е случај, но беше тежок нејзиниот ментален образец во кој целосно беше заглавена. Некогаш не постојат инстант решенија, затоа што и проблемите не настануваат инстант. Понекогаш многу брзо учиме, а тоа е случај само кога силно сакаме да си помогнеме себеси.

Затоа немојте да посакувате да сте во чевлите на некој друг, некоја паметна, интелегентна, средена, убава жена, вредна и толерантна, спремна да му помогне на секој, затоа што не знаете кој терет човек со себе го влече. Понкогаш не знаеме кои се нашите граници, но ако веруваме полека ќе се појават.

Поминуваат скоро две години од таа средба, кога ја зеде одговорноста за сопствениот живот во свои раце. Сеуште сме во контакт. Излегувајќи од образецот на жртва таа дозволи универзумот да ја одвои од партнерот и тоа безболно. Ако кажеме дека е слободна како птица ќе згрешиме. Сеуште е повредена и чекори низ тие калливи дупки, но се сака себеси, својот живот, децата, природата, работата и најважно од се си дозволи да биде своја со свои граници, кои ги почитува.

Ова е дел од нејзиното искуство кое ме замоли да ви го пренесам. Сега за себе знае дека не сака да ги оживува билките кои се веќе мртви, ама вели дека е таа во оние кои расцветуваат. И верувам, и тоа од првиот момент кога зачекори кај мене. Понекогаш верувањето е единственото нешто кое ни е потребно, за се друго сме способни сами.

Пишува: Билјана Галовска, НЛП тренер и професионален коуч

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани