2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Луѓето го рефлектираат несвесниот дел од вас (пишува Билјана Галовска)

Август 07, 2020

 

Повеќето од нас живеат во илузија дека се треба да биде добро, животот треба да е само уживање во кој се ќе тече “подмачкано”. Во суштина ние живееме во дуален свет, во свет на плус и минус, во страдање, но и љубов, во благосостојба, но и болка, во здравје но и болест, во војна и мир.

Секогаш кога се издигнуваме на пиедестал, некоj или нешто не турка надолу. Tогаш учиме и градиме мудрост дека двете страни се присутни еднакво и истовремено се појавуваат. И не случајно е тоа така затоа што секој од нас живее во двојност. Од таа двојност секогаш се добива искуство, а тоа има за цел еволуција на душата.

Интензивно сме насочени на себе и никој не размислува за нас онолку колку ние за самите себе. И кога размислуваме за другите луѓе, ние размислуваме пред се за себе. Не постои некој што повеќе ќе не критикува и фали колку ние сами себеси.

Кога некоја личност на нас реагира на одреден начин, тоа треба да не поттикне да го откриеме делот во нас, кој го рефлектира потсвесниот однос кој ние го имаме со самите себе. Луѓето не не прават жртва, туку го откриваат специфичниот однос кој сме го изградиле со себе. Тие се однесуваат према Вас точно онака како што Вие се однесувате према самите себе. Тој несвесен образец се отсликува во однесувањето на другите кон Вас. Тој е огледало на вашето внатрешно однесување.

Ако тргнете од вашите емоции, го анализирате вашиот внатрешен дијалог, постанете свесни за своите уверувања, ќе имате моќ да го трансформирате односот со себе, а потоа да се променат односите од кои не сте задоволни. Во случаен разговор една девојка ми вели : -,,Во последниов период јас не можам до крај да завршам одредена значајна работа, дури и да испијам терапија која ми е препишана од лекар”. Ја прашав -“Постои ли нешто во твојот живот кое може да ја промени својата форма, а тебе некако не ти одговара”? - “Па, не знам”- ми одговори - “Постои ли нешто кое ти не сакаш да го направиш, а некако само се наметнува”? - “Ако размислам подобро да, имам долга врска, моите мислат дека треба да се омажам, а и неговите му го велат тоа, но тоа не е во моите планови сега” -“Незавршувањето на работата која е важна е само одраз на тоа дека ти се воздржуваш да се обврзеш на подолго време” Се што ние во нас длабоко чувствуваме за себе, се рефлектира на она што го живееме и на тоа каков однос имаме со другите луѓе.

Постанувајќи свесен за постоењето на добрите страни во “лошиот” однос можеме да научиме повеќе за себе, поинаку да ги согледаме другите луѓе и полесно да комуницираме, дури и да осознаеме дека кога некој на одреден начин реагира на нас, тој само го отсликува присутниот дел во нас. Кога несвесното стапува на свесната сцена,следува работата. Може да се каже дека не е едноставно, потребно е време, свесност, трпеливост и верба,понекогаш поддршка низ тој процес од трето лице, но добиената вредност е правопропорционално на се што ќе експлоатираме низ тој процес.  

Пишува: м-р Билјана Галовска, НЛП тренер и професионален коуч, предавач на Бизнис Академија Смилевски Битола, Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани