2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Обрасците на однесување како наследство ( пишува Билјана Галовска)

Март 27, 2021

Во последно време се почесто се зборува за личниот развој. Некои од луѓето свесно одлучуваат да чекорат по тој пат, додека другиот дел сметаат дека тоа не е толку атрактивно. Но, секој кој што се охрабрил да се сретне себеси низ личниот развој се пресретнал со сопствените обрасци на однесување кои најчесто се наследени.

Процесот започнува со внимателна анализа на својот живот, факторите кои влијаеле на развојот на личноста, интроспекција на сопствените реакции во различни ситуации.

За личниот развој понекогаш се вели дека е болен процес, затоа што низ тој процес се освестуваат и наследени обрасци на однесување кои најчесто доаѓаат од родителите или најблиските, а се на несвесно ниво и не ни користат. Одредена реакција од родителите најчесто е копирана и истата иницира одредено однесување. Проблемот настанува кога освестувањето води кон обрасци кои манифестираат однесување, кое на личноста не му е корисно. Тоа ја намалува вредноста, предизвикува лавина емоции, а се случува на несвесно ниво. Личноста можеби не го сака тоа свое однесување, но затоа пак не може ни да претпостави каде е причината за истото. Обично вината ја префрла на постапка на некого друг.

Најчесто личноста не ја учи лекцијата, па додека тоа не го освести и не знае дека одреден образец кој го наследила може да се менува, истиот ќе предизвика повеќе штета, намеесто да даде корисеност. Процесот понатаму продолжува низ анализа на клучни, значајни влијанија кои формирале одредено искуство и освестување на контекстот на случување, поминувајќи низ семејните навики, мислењата, уверувања на најзначајните личности во животот на индивидуата. И тука најчесто се задржуваме на детството. Затоа е многу важно да се работи со своето ватрешно дете, да се освестува што и од каде доаѓа, да се стави акцент на уверувањата и од каде потекнуваат, да се склопат сите детали на програми кои не водат и да се тргне кон освестување на тоа каква личност сака некој да постане.

Клучно е да се разбере дека оние кои не воспитувале имале најдобра намера и во најлошите постапки и околности, но и нив некој ги воспитувал, и тие имаат свои програми и обрасци. Најчесто се се пренесува несвесно, но ние сме задолжени да низ личниот развој ја подигнеме таа свесност и промениме она што може да се промени во насока на личноста која сакаме да станеме. Има и толку многу обрасци кои се корисни. За нив треба да станеме благодарни. Повеќето од луѓето не се впуштаат низ овој процес, поради тоа што детето во нив им покажува дека авторитетот е во право....

На крај може да решите дека ништо нема да менувате, ништо не сакате да анализирате, уште помалку да освестувате. И, тоа е во ред... Она што треба да го научиме во овој контекст, а имаме образец кој не ни користи, ни нам, ни на околината, посебно за најблиските е тоа дека: Никој не е виновен, ама секој е одговорен во својот живот! Пишува: м-р Билјана Галовска, предавач на Бизнис Академија Смилевски, НЛП тренер & коуч, асистент на НЛП институт Славица Сквајер Белград,

инфо:Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани