АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
„Правниот факултет во Битола претставува дисперзирана испостава на Правниот факултет со седиште во Кичево, каде што токму во седиштето имаме негативен тренд на запишување студенти. Од друга страна фактите и аргументите покажуваат позитивен тренд на запишување на студенти и квалитет во Битола. Исто така имаме и голем број институции, Основен и Апелационен суд, Основно и Вишо јавно обвинителство, 146 регистрирани адвокати и адвокатски друштва, 7 извршители и 13 нотари.
Имаме голем број институции, приватни комапнии, невладини организации кои дополнително можат да бидат дел од развојот на овој факултет и развој на студентите. Токму овие аргументи налагаат промена на седиштето на овој факултет, наместо во Кичево да биде во Битола со што ќе се зголеми атрактивноста од една страна, од друга страна преку низа други мерки и активности ќе се обезбеди долготрајност и одржливост на истиот“, рече Кирацовски.