Webp.net gifmaker

Костурска со прашање кој е Пеце Амбасадорот кој ги храбри учениците на бојкот?

Мај 07, 2021

Прашуваме кој е ставот на ДПМНЕ во врска со најавените реформи во образованието? Освен неколку реченици кажани уште во февруари дека новиот концепт треба да ги има предвид и учителите, досега не слушнавме што мисли битолската опозиција за најавените реформи, изјави Емилија Костурски, Член на Комисијата за образование при ОО СДСМ Битола

„Дали ДПМНЕ е против дигитализација на учебниците? Партијата која дигитализацијата ја промовираше на голема врата, веројатно не сака да си дозволи сега гласно да каже дека не се согласува со воведување на новите светски трендови во македонското образование.

Дали Пеце (амбасадорот на Битола), лицето кое се споменува во интерните комуникации на средношколците од Битола, е локалниот лидер на ДПМНЕ кој е во секојдневен контакт со ученици и родители храбрејќи ги да бојктотираат настава и делејќи им насоки како да постапуваат“, праша Костурска.

Таа апелира да се остави политиката настрана кога станува збор за подигнување на квалитетот образованието и обезбедувањето на подобра иднина за нашите деца.

„ДПМНЕ своите партиски агенди да не ги реализира врз грбот на децата. ДПМНЕ се обидува и последната, многу популарна, благородна иницијатива да ја злоупотреби за свои партиски цели. Резултатот е одолговлекување, продолжување на неизвесноста, состојба во која ДПМНЕ профитира, а губат сите останати. Најмногу децата.“, рече Костурска.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани