2win800x200

Борче Димитровски: Битола – културно искуство што се живее 365 дена во годината

Јуни 13, 2026

Битола отсекогаш била град со посебен шарм, но во последните неколку години сведочиме на една поинаква, впечатлива креативна енергија која го издвојува градот на конзулите од сите останати во државата. Од фасцинантната „Зимска приказна“ која ги обедини сите генерации, преку носталгичните враќања на детските хитови од СИДО, па сè до најавените летни спектакли со балканската легенда Здравко Чолиќ и светскиот диџеј Стив Аоки, Битола е дефинитивно местото каде што сите сакаат да бидат.
Зад оваа внимателна селекција, поддршка и осмислена културна стратегија стои тим на луѓе, а како главните еден од креативни мотори се издвојува Борче Димитровски, актуелен секретар на Општина Битола. Човек кој уметноста ја познава одвнатре како долгогодишен играорец и продуцент во КУД „Илинден“, поранешен директор на Центарот за култура и основач на култниот фестивал АКТО. За Музика 24, со Димитровски зборуваме за музиката, креативноста и визијата која ја врати Битола на мапата на најпосакувани европски дестинации.

Музика24: Битола секогаш имала свој специфичен, автентичен културен печат, но во последно време се чувствува една силна, модерна културна офанзива. Како Општина Битола успева да ги селектира и поддржи оние креативни идеи кои денес ја прават Битола културно поразлична и поуникатна од сите други градови во земјава?

Борче Димитровски: Битола по многу нешта е поразлична од другите градови во Македонија и поширокиот регион. Низ вековите таа била место каде што се сретнувале различни култури, јазици и начини на живот, создавајќи препознатливост на градот. Токму затоа во Битола паралелно се развивале и европските, ала франга, и ориенталните, ала турка, влијанија, кои оставиле трага во архитектурата, музиката, традицијата и секојдневниот живот. Ова денес го забележуваат голем број посетители на градот, наши гости од Европа и светот кои доаѓаат кај нас и шетајќи по Широк Сокак, ја чувствуваат уникатноста на градот и се интересираат за неговата историја. Заради тоа, одговорноста е навистина голема – да се учествува, креира и поддржи една автентична културна понуда со која Битола ќе живее во текот на целата година, во пролет, лето, есен и зима, продолжувајќи да го негува духот што ја прави единствена. Да се поддржат сите креативни идеи, воопшто не е лесно, имајќи ги предвид надлежностите на локалната самоуправа, како и средствата потребни за реализација на голем број проекти, но големата љубов кон својот град, претставува главната водилка кон создавање совршен спој на културата, уметноста, архитектурата и убавината на градот. Кога ќе реализирате настан, фестивал или манифестација со врвни изведби од познати и признати уметници, ќе дадете шанса за младите креативци и притоа од преполните простори ќе излезе воодушевена и задоволна публика, тогаш имате мотив повеќе да се ангажирате и да придонесете градот културно да живее и да блеска во својот полн сјај.

Музика24: Празниците во Битола веќе не се само датум во календарот, туку прераснаа во вистинско движење. Минатата зима, градот буквално се претвори во светлечка мапа на доживувања преку „Зимска приказна“. Понудивте фасцинантен концепт осмислен до последен детаљ. Со преку 200 часа културно-забавна програма на девет различни локации и исклучително креативно, фасцинантно празнично украсување, десетици часови посветени на децата, простор за настап на 67 бендови, како и почит кон локалните легенди, очигледно е дека внимателно се мислело секој да се пронајде во програмата и да има по нешто за сите. Настанот со право ја доби наградата БЕАМ за најдобар фестивал. Како успеавте да создадете вакво колективно искуство кое ги натера сите да сакаат празниците да ги поминат токму во Битола?

Борче Димитровски: Зимска приказна е проект на кој сум особено горд, осмислен како концепт заедно со уште неколку врвни креативни соработници, кој расте од година во година. Во изминатите 5 години/изданија концептот на овој зимски фестивал се менува, програмата, бројот на денови и учесници расте со цел да привлечеме што поголем број на посетители од нашата земја, но и од соседните и тоа успева. Внимателно професионалци од Општина Битола и надворешни соработници, заедно со ЈОУ Културен и информативен центар прават селекција на проектите кои се дел од зимска приказна, со единствена цел да имаме несекојдневна и уникатна програма за сечиј вкус 15 дена од крајот на декември се до првата недела на јануари. Заедно со градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, силен акцент на поддршката ставаме на македонската музичка сцена, независните театарски групи и иницијативи, здруженија на граѓани од областа на културата, уметноста и туризмот. Фестивалот има отворен концепт и секоја година воведуваме новина, за да се задржи вниманието и да сме чекор напред од другите. Секако ваквите концепти на божиќен базар не се ништо ново во Европа и Светот, но драго ми е што токму Битола е зачетникот на овој начин на прославување на новогодишните и божиќните празници кој го следат речиси сите градови во Македонија последните неколку години.

Имам нешто да те прашам

Борче Димитровски: Битола – културно искуство што се живее 365 дена во годината (Фото)

Музика24: Неодамна бевме сведоци на еден исклучително емотивен настан. Генерациите кои денес се во своите четириесетти години добија ретка можност искрено да се навратат на детските денови, слушајќи ги безвременските хитови од фестивалот СИДО, испеани токму од оригиналните изведувачи. Настанот го продуцираше Камерниот оркестар Дива, но колку е важно институционално да се застане зад вакви проекти кои, освен што будат силна носталгија, суштински ги негуваат и зачувуваат автентичните битолски брендови?

Борче Димитровски: Кога зборуваме околу концептот за поддршка кој Општина Битола го применува, суштински сегмент е поддршката на битолските брендови, а детскиот музички фестивал СИДО е токму тоа, фестивал кој зад себе оставил десетици детски хитови кои и после повеќе од 30 години се омилени на сите генерации. Синергијата и спојот за да се реализира еден ваков проект е остварен со поддршка на Камерниот оркестар Дива, организаторите на фестивалот, група ентузијасти, изведувачи на оригиналните песни и секако со поддршка на Општина Битола, која го помага и фестивалот и годишните активности на овој оркестар. Континуираната институционална поддршка на иницијативи од ваков тип влева сигурност и го зголемува потенцијалот за квалитативен раст кој остава подлабоки траги не само локално туку и национално.

Музика24: Со оглед на тоа што и вие припаѓате на таа генерација, како лично, надвор од официјалната функција, го доживеавте овој музички времеплов? Имавте ли ваша омилена песна и каква емоција предизвикаа кај Вас некогашните детски ѕвезди, настапувајќи сега пред публиката со една сосема поинаква, позрела енергија?

Борче Димитровски: Емоции навираат секогаш кога минатото не потсеќа на едно друго време, време кога сум бил дете и во рани тинејџерски години и сум ги следел првите изданија на фестивалот СИДО. Можноста тоа да се обнови на истата сцена после 30 години и сега веќе возрасни реализирани личности од различни професии да се видат на сцената е навистина посебна и е уште едно камче во мозаикот на настани по кои Битола е посебна и различна од другите. Сите тие песни испеани во тоа време оставиле голем печат и многу често можат да се слушнат и денес, а ако треба да издвојам една омилена песна, изборот би бил навистина тежок. „Боби баш ми е гајле“, е една од песните од тоа време кое лично јас најмногу сум сакал да ја слушам.

Музика24: Кога зборуваме за талент, Битола е град со неисцрпен музички потенцијал и дом на извонредни музички имиња кои се амбасадори на македонската музика, како Игор Дурловски, Каролина Гочева, Оливер Јосифовски кој е дел од феноменалната „Љубојна“, преку Ламбе Алабаковски, култните „Паркети“, па сè до бројните камерни состави и локални бендови кои редовно настапуваат. Колку е важно за општината, паралелно со носењето на регионални и светски ѕвезди, континуирано да создава простор каде што домашните, битолски уметници ќе ја добијат вистинската поддршка, врвна сцена и третман каков што реално заслужуваат пред својата публика?

Борче Димитровски: Горди сме на сите наши културни амбасадори, а токму имињата кои ги споменавте изминатите децении во континуитет се поддржани од Општина Битола и културните институции во нашиот град. Битола е горд град, горди сме на нашето минато, без кое нема сегашност, но секогаш свртени кон светлата иднина. Токму затоа поддршката на локалната и национална музичка сцена е значајна, бидејќи не може единствено значајни да бидат концерти на регионални или светски музички ѕвезди во држава во која зад секое агол се крие богата историја и традиција. Нашата поддршка за домашните уметници најдобро се огледува низ сите настани и фестивали што ги организираме. Прекрасен пример за тоа е концерт кој се одржа на платото пред Офицерскиот дом во Битола, „Песни од срцата“, на Ана и Игор Дурловски и кој предизвика огромно воодушевување кај публиката. Оваа заложба ја пресликуваме и во Битолското културно лето Битфест, каде посебен акцент ставаме на самото отворање на фестивалот, кое им го препуштаме токму на наши битолски или македонски уметници. Тоа докажува дека, заедно со градоначалникот Коњановски, пред сѐ, се залагаме за почит кон домашната музичка сцена, а потоа отворени сме да ги следиме и европските и светските културни трендови. Тоа е почит кон нашите ѕвезди, себепочитување, но и почит кон сопствената култура и вредности. Говорејќи за Битфест, овогодинешниот организатор – ЈОУ Културен и информативен центар Битола се потруди да го има мјузиклот Као Какао за отворањето на 19 јуни, а потоа следи исто така мошне квалитетна програма. Сево ова како уште една потврда за поддршката на локалната музичка сцена и тука ќе ги споменам култните Фолтин, кои овој август ќе одбележат 30 години од постоењето со спектакл во магијата на античкиот театар во Хераклеа.

Музика24: Неодамна градот живееше во ритамот на едно сосема ново фестивалско доживување – првото издание на Винскиот фестивал пред монументалниот Офицерски дом. Како реагира публиката на ваквите нови формати кои спојуваат гастрономија, врвно вино и селектирана музичка програма со урбан, градски предзнак?

Борче Димитровски: Зад нас е веќе првото издание на Винскиот фестивал во Битола, кој донесе нешто ново, концепт кој првпат е на високо ниво претставен во Битола, а публиката тоа го препозна. Тоа е она што за нас, како поддржувачи е суштинско и значајно. Се надевам дека овој мајски настан ќе прерасне во традиција и од година во година ќе расте и ќе биде дел од туристичката понуда во нашиот град, ќе привлече гости од соседните градови и држави, а директно и индиректно ќе има позитивно влијание на економијата во Битола. Селекцијата на музика беше за сечиј вкус од Пауза за ракија до Гоце Саф, Паркети, Љубојна и Камерниот оркестар Дива

Музика24: Познатиот веб-сајт timeout.com, за кој работат локални новинари и експерти и кој е дел од компанијата „Time Out“ основана уште во 1968 година во Лондон, неодамна ја позиционираше Битола на високото четврто место на листата „Најпотценетите дестинации во Европа за 2026 година – скриени бисери подалеку од толпите“. Колку континуираните културни случувања, како интернационалното издание на „Џез фактори фестивалот“ кое обединува европски уметници, директно придонесуваат за ваквото меѓународно етаблирање на градот на конзулите и за привлекувањето на оние посетители кои сакаат да уживаат во прекрасната архитектура и автентичната историја?

Борче Димитровски: Битола плени со прекрасната архитектура, Широк Сокак и битолската чаршија се бисери кои ги воодушевуваат сите оние кои ја посетуваат Битола, тука е и античкиот локалитет Хераклеа, музејот, како и планината Пелистер што го затвора кругот на најубав можен начин. Секако додадена вредност се значајните фестивали кои привлекуваат странски гости, како Илинденски денови, Џез фактори, Браќа Манаки, Фестивалот на музика од светот, Фестивалот на монодарама, Малиот Битолски Монмартр… Ова отвора можност вљубениците во алтернативниот туризам, покрај традицијата и убавината на градот и планината да имаат прекрасно искуство со врвни културни настани во периодот додека престојуваат кај нас. За време на фестивалските денови градот е преполн со учесници во програмата од различни држави од светот, но и со голем број гости кои сакаат да ги проследат овие настани кои ги одбележува уникатност, впечатливост и препознатливост на Битола. Изминатите 5 години учесници на споменатите музички фестивали биле уникатните Лајбах како дел од Фестивал на музика од светот (на овој фестивал во минатото имаат настапено и Ришар Галијано, Раби Абу Калил, Тереза Салгуеро, Наташа Атлас), потоа бројни атрактивни фолклорни групи од целиот Свет како дел од Илинденски денови од Сад до Русија, Колумбија, Чиле, Еквадор до Индија и Грузија, додека на Џез фактори фестивал во изминатите години на фестивалот настапија врвни уметници од Македонија и странство меѓу кои: Баба Сиссоко (Мали), Баптист Хербин (Франција), Ермано Панта (Шпанија), Теодосиј Спасов – (Бугарија), Васил Хаџиманов – (Србија), Куарем Квартет (Франција), Наташа Роџерс (Франција), Хјуман Тач (Грција), Фишерманс Оркестар (Швајцарија), Ликвид Карпет (Словенија), Фанфара Статион (Италија), Арменд Џафери (Косово), АЈС Квартет (Албанија), Славен Љујич (Црна Гора), Милан Пертовиќ (Србија), Тони Китановски, Џијан Емин, Гоце Мицанов, и други…

Музика24: Летово во Битола нè очекува навистина импозантна музичка програма. На 1-ви август, во организација на „Авалон продукција“, на стадионот „Петар Милошевски“ ќе се одржи ексклузивниот македонски концерт на балканската ѕвезда Здравко Чолиќ. Веднаш утредента, на 2-ри август, на истиот простор во рамките на „Bitola Calling“ доаѓа светски познатиот диџеј Стив Аоки. Општина Битола континуирано ја дава својата поддршка за реализација на овие мега-настани. Каков е предизвикот, од аспект на локалната самоуправа, логистички и инфраструктурно да се застане зад вакви врвни продукциски спектакли и колку е важна отвореноста на институциите за соработка со големите продукции?

Борче Димитровски: Предизвикот е навистина голем. На почеток морам да констатирам дека Битола иако град со огромна традиција во областа на културата и уметноста, за првпат дури во 2024 година реализира музички настан на градскиот стадион Петар Милошевски, а тоа беше Старс симфони, проект на Битолскиот камерен оркестар со кој свечено беше отворено битолското културно лето таа година. Веќе следното лето, во август 2025 година Авалон продукција со поддршка на Општина Битола го организираше настапот на светското име Армин Ван Бурен, настан на кој присуствуваа над 10 000 посетители. Сето ова отвори можност и докажа дека Битола има потенцијал да реализира дводневен фестивали насловен како „Bitola Calling“, каде сериозна логистичка и инфраструктурна поддршка ќе даде Општина Битола и за кој очекуваме да биде историски најголемиот музички настан во нашиот град според број на публика од земјата и странство.

Музика24: За крај, вие сте адвокат по професија, но вашиот животен пат е длабоко вкоренет во културата како продуцент, поранешен директор на Центарот за култура, основач и продуцент на Акто фестивалот на современи ументости во периодот од 2006 до 2014 година и долгогодишен играорец и продуцент во КУД „Илинден“. Колку овој личен, креативен беграунд Ви помага денес, од позиција на Секретар на Општината, непогрешливо да ги препознаете проектите што ѝ се потребни на Битола?

Борче Димитровски: Секогаш сум верувал дека диверзитетот и различностите може да направат најдобар спој и симбиоза на успешна личност и да донесат резултат на крајот, онаков за каков што сме се бореле и сме го посакувале. На претходно споменатото прашање би додал дека покрај споменатите ангажмани и функции, дополнително и преку мојата политичка ангажираност како советник во Советот на Општина Битола со четиригодишен мандат и активен член на една од најголемите светски хуманитарни организации Лајонс, се зголеми и моето животно искуство во повеќе општествени и социјални сфери, помагајќи ми да изградам правилен пристап кон предизвиците кои ги носи одговорната функција – секретар на една од најголемите општини во Македонија, да градам тим со кој заеднички низ еден континуиран процес ќе донесеме резултати и видливи проекти. Иако е неопходно, не е доволно само да се препознае што му треба на својот град и што им треба на граѓаните. Потребна е желба за акција, посветена работа, креативност и силна мотивираност за да може искуството да се спои со потребата, да се согледаат објективните можности и да се испочитуваат законските процедури, за на крај, да се постигне успешна реализација на проектите. Тоа не секогаш е едноставно, напротив многу често е исполнето со бројни предизвици, но големата љубов кон Битола секогаш носи видливи резултати, кои финално се потврдени од оние за кои се создадени – граѓаните на Битола.

Интервјуто го подготви: Редакција Музика24

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани