2win800x200

„Европската диплома започнува од дома“ - Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола со европски политики за развој на заеднички дипломи

Јуни 12, 2026
Во организација на УКЛО, како дел од Европската универзитетска алијанса КОЛОРС, неодмна одржана е тркалезна маса: „Градење на Европскиот универзитет на иднината – кон Заедничка и Европска диплома“ со поднаслов „Европската диплома започнува од дома“.
Во фокус на дискусијата беа европските политики за развој на заеднички дипломи, интернационализацијата на високото образование и можностите што ги отвора иницијативата за Европска и заеднички дипломи. Значењето на настанот е потврдено со присуството и активното учество на меѓународни и домашни чинители и засегнати страни од областа на високото образование, претставници на партнерските универзитети од Италија и Латвија, од алијансите што дејствуваат во Македонија, асоцирани партнери и институции на системот, како и претставници на Европската комисија, Делегацијата на Европската Унија во Македонија и Асоцијацијата на алумни од Западен Балкан.
May be an image of one or more people and text
Темелите на Европската диплома и на организацијата на тркалезната маса, воспоставени уште при формирањето на Алијансата, дополнително се зацврстени минатата година со потпишување на конвенцијата за првата заедничка диплома во рамки на Алијансата, што се реализира преку новата студиска програма Мастер МИНД, иницирана од Економскиот факултет – Прилеп, изградена врз широка платформа на соработка со сите единици на УКЛО, партнерските институции од Алијансата и со соработници од поширокиот академски и општествен контекст.
 
No photo description available.
Ректорот на УКЛО, проф. д-р Игор Неделковски, и раководството на УКЛО КОЛОРС – проректорот и проектен менаџер проф. д-р Јове Димитрија Талевски и академската директорка проф. д-р Рената Петревска Нечкоска – истакнаа дека воспоставувањето на вистинска Европска диплома претставува комплексен процес проследен со системски предизвици, но дека македонската академска заедница е подготвена, усогласена и решителна активно да се интегрира во Европскиот простор за високо образование.
May be an image of one or more people and text that says 'ዩስ TB T'
Проф. д-р Сандрин Лабори од Универзитетот во Ферара, Италија, укажа на сложеноста на процесот што произлегува од различните регулаторни рамки во земјите членки на Алијансата, но нагласи дека токму овие предизвици треба да се препознаат како поттик за заедничко дејствување. Според неа, програмата „MasterMind“ претставува можност за воспоставување иновативна заедничка магистерска програма што ќе одговори на современите образовни потреби.
 
May be an image of one or more people, people studying and text
Тркалезната маса, одржана на 5 јуни 2026 година во Офицерскиот дом во Битола, ќе резултира со подготовка на документ за дијалог со креаторите на политики во земјава и во Европската Унија, насочен кон унапредување на плановите, инструментите и политиките за раст и развој на Западен Балкан како интегрален дел од развиена Европа.
May be an image of table
May be an image of text
May be an image of one or more people, newsroom and text that says 'OLOURS COLOURS 18 石 বং CO-DREAMI DREA 10'
May be an image of text that says 'COLOURS COLOURS ជត CADREA'
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани