2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Се збратимија Техничкото училиште од Битола и „Мави Текник“ од Измир

Јуни 04, 2018

„Нашите деца мора да ги сплотиме со вашите деца, зошто ние имаме  заедничка историја,  а ова е градот на творецот на модерна Турција, Кемал Ататурк“, ова е пораката од Серкан Асил управител на приватното  техничко училиште „Мави Текник“ од Измир кој  денеска со делегација престојува во Битола на покана на Техничкото училиште „Ѓорѓи Наумов“ и директорот Владимир Роме.

Во просториите на СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ –Битола  денеска на свечен настан беше потпишан  меморандум за соработка и збратимување со училиштето „Мави Текник“ од Измир, Турција. На свеченоста присиствуваше и градоначалничката Наташа Петровска , а гостите најавија дека наскоро ќе се збратимат и со една од гимназиите во градот.

 

Училиштето „Мави Текник“ е сместено во индустриската зона во Измир со цел учениците да можат да посетуваат и практична настава во индустриските капацитети во зоната. Училиштето иако е приватно , сепак е финансирано и од државата.  Во училиштето се образуваат околу 1200 ученици, а вклучително во четирите кампуси до 3000 ученици.  

-За нас Македонија  е многу важна земја и оваа посета на Техничкото училиште во Битола за нас значи соработка, развој и размена на искуства и ученици од двете школи. Со фабриките во зоната во Измир имаме договор децата да одат на пракса. И во Турција недостасува квалификуван технички кадар, затоа нашите ученици веднаш се вработуваат по матурирањето, а подобрите одат на факултет. Секој сопственик на фабрика добро ги познава нашите ученици колку се подготвени за работа. Учениците се квалификуваат за неколку насоки меѓу кои  електроника, воздухопловство, мехатроника и друго. Значи во Турција недостува квалификуван кадар, а ние не даваме само дипломи, туку веќе и практично ги подготвуваме нашите ученици, изјави за апла.мк Серкан Асил,  управител на приватното  техничкото училиште „Мави Текник“.

По обиколката на кабинетите, гостите од Турција се изненадија и воодушевија  од подготвеноста и капацитетот на Техничкото училиште во Битола.

-Денес се збратимуваме со училиштето од Измир, кое ги има истите струки како и ние. Се договориме дека кон крајот на септември ќе направиме прва размена на ученици и наставници, а тие ни ја возвраќаат посетата во октомври. На овој начин почнува оваа соработка меѓу двете училишта за која се надевам дека ќе вроди со плод, со цел да можеме да ги разменуваме искуствата во образованието, нашите стекнати овде и нивните. На тој начин да ги зближиме,  двата народа, да ги запознаеме децата со нашата култура и турската култура, бидејќи во секој случај нас не поврзува историја, рече директорот на Техничкото училиште во Битола, Роме.

Овој меморандум е само еден технички детал што ние понатаму треба да го градиме, меѓу двете училишта и двата града, зошто Измир е град  со најмногу Турци со македонско потекло,  додаде Роме.  

На свеченоста за ученик на генерација беше наградена Марија Митковска, ученичка од Техничкото училиште во Битола.

received 248992309171356

received 248992319171355

received 248992332504687

received 248992339171353

received 248993182504602

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани