АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битолскиот Завод и музеј, денеска ја промовираше книгата „Сликарството од црквата Усепене на Света Богородица во Велушина“, од авторот Ристо Палигора, што е всушност финализација на повеќедецениската активност, поврзана со проучувањето, истражувањата и конзерваторско- реставраторските зафати кои што се преземени во овој храм.
-Првите активности се започнати во 1988 година, а со сите напори што ги направи Завод и музеј-Битола, практично од еден сосема непознат споменик, храм, успеавме да го презентираме во еден спектар на вредности што заслужува едно многу високо место во нашата култура во сооднос со другите спомен ици на културата. Станува збор за црква чија што старост се проценува на повеќе од 1000 години, дел од неа датира од крајот на X и почетокот на ХI век. Откриени се остатоци од фрескосликарство од тоа време, но една голема ренесанса црквата доживува во првата половина на ХIХ век, во 1836 година, таа е повтроно обновона, со тоа е претставена како една од главните камен меѓници на уметноста од ХIХ век, изјави Ристо Палигора, автор на монографијата.
На промоцијата на книгата присуствуваа академиците Таки Фити, Георги Старделов и Владо Камбовски
-Една од основните цели и нешто што е мисија на МАНУ е грижа за културното наследство во Република Македонија. Читајќи ја оваа книга дознав неколку работи, а тоа е дека Завод и музеј прави големи напори овој храм да се конзервира и заштити, при што се извршени арехолошки истаражувања, истражувања на архитектурата, сликарството итн, а се дошло и до нови факти и сознанија. Посакувам уште многу вакви активности во интерес на заштита на културното богатство на Република Македонија, изјави академик Таки Фити.
-Три мераци тлееја во мене запознавајќи се со ова значајно дело. Првиот мерак беше читањето, вториот мерак беше гледањето на оваа книга и третиот мерак беше размислувањето за оваа книга и за сите нас што не собра овде денеска да разговараме на оваа тема, рече меѓу другото академик Георги Старделов на промоцијата на книгата
Академик Владо Камбовски посочи дека објавувањето на оваа монографија е од исклучително значење
-Манастирот во Велушина, едно од нашите стари светилишта, што не враќа назад на почетоците на нашата култура, верата, образованието, писмото и е показ колку витален бил овој простор каде има голем број вакви монументи, артефакти кои го воодушевуваат целиот свет. За жал тој простор сега е се помалку населен, но фактот дека таму пред повеќе од 1000 години луѓето наоѓале не само простор за живот, туку и за творештво и за духовен живот, е сигурен знак дека таму повторно животот ќе се развие, рече академик Владо Камбовски.