АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Мила Ивановска се закити со бронзен медал на Јуниорската Балканска математичка олимпијада, која се одржа од 19 до 24 јуни во Родос, Грција. На олимпијадата учествуваа претставници од 17 земји, од кои 11 официјални и 6 гости, а бронзениот медал, е уште еден висок резултат, во низата успеси на младата битолчанка, ученичка во прва година, природно-математичка насока А, во СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“.
Ивановска на средбата со градоначалничката Наташа Петровска, изрази голема благодарност за несебичната поддршка од нејзина страна, која и овозможи достојно да ја претстави Битола на Балканската математичка олимпијада.
-Иако многумина се плашат и бегаат од математика, јас ве охрабрувам и ве уверувам дека математиката, воопшто не е тешка. Вистинскиот труд, секогаш носи гарантиран успех, рече Ивановска, која зад себе има признанија и од учество на други меѓународни натпревари.
Градоначалничката Петровска, честитајќи и го успехот на Ивановска, нагласи дека вистинските вредности, секогаш ќе ја имаат нејзината поддршка.