АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Средношколците Мила Ивановска од Битола, ученичка во втора година во гимназијата „Јосип Броз Тито“-Битола, Димитар Џорлев од Струмица и Дарко Стојчев од Кавадарци се закитија со бронзени медали на 15 Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки во Габароне , Боцвана, што се одржува од 2 до 11 декември, годинава. На Олимпијадата од Република Македонија учестуваа шест деца Мила Ивановска од Битола, Димитар Џорлев од Струмица, Дарко Стојчев и Мајкл Георгиевски од Кавадарци, како и Дамјан Јанчевски и Бисера Јанчевска од Скопје.
Учениците се натпреваруваа во области од физиката, хемијата и биологијата.
Со нив беа и професорите од Природно математичкиот факултет во Скопје, проф. Ламбе Барандовски по предметот физика, проф. Марина Стојановска по хемија и Елена Рафајловска од биологија, кои ги подготвуваат натпреварувачите секој петок и сабота во Скопје со лабораториски вежби и задачи.
Претходно битолчанката Ивановска се закити со бронзен медал на Меѓународната јуниорска олимпијада за деца до 16 години IJSO-2017 што се одржа во Холандија, во градовите Арнхем и Најмеген.
Ивановска беше единствената од шесте натпреварувачи од Македонија (кои настапија во два тима по тројца натпреварувачи, двајца ученици од Битола и по еден од Скопје, Охрид, Прилеп и Гевгелија), која успеа да освои трето место и бонзен медал на напреварот по физика, хемија и биологија одговарајќи три дена на прашања и задачи, а еден ден ги покажа своите вештини и со екперименти.
Годинава Ивановска се закити со бронзен медал и на Јуниорската Балканска математичка олимпијада, која се одржа од 19 до 24 јуни во Родос, Грција. На олимпијадата учествуваа претставници од 17 земји, од кои 11 официјални и 6 гости, Бронзениот медал, е уште еден висок резултат, во низата успеси на младата битолчанка.