АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Со бронзен медал на Меѓународната јуниорска олимпијада за деца до 16 години IJSO-2017 Холандија, се закити нашата битолчанка Мила Ивановска (14) , ученичка во прва година во гимназијата „Јосип Броз Тито“-Битола.
Меѓународната јуниорска олимпијада по природни науки годинава започна на 3 декември и трае се до утре во градовите Арнхем и Најмеген, Холандија.
Ивановска е единствената од шесте натпреварувачи од Македонија кои настапија во два тима по тројца натпреварувачи (двајца ученици од Битола и по еден од Скопје, Охрид, Прилеп и Гевгелија), која успеа да освои трето место и бонзен медал на напреварот по физика, хемија и биологија одговарајќи три дена на прашања и задачи, а еден ден бил посветен на екперименти.
Ивановска и вториот натпреварувач од Битола, Леонид Сајков за натпреварот беа подготвувани од професори од Гимназијата во Битола како и професори од Институтот за физика, биологија и хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Шесте ученици победија на Првата македонска олимпијада по природни науки, која се одржа кон крајот на август на ПМФ, а ја организираа Друштвото на физичарите на Македонија (ДФРМ), Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (СХТМ) и Македонското биолошко друштво (МБД).
Околу патните трошоци за нашите натпреварувачи се погрижи и Агенцијата за спорт и млади. Инаку Ивановска и догодина може да учествува на истиот напревар кој ќе се одржи во Боцвана, Јужна Африка.