АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Три клима уреди денеска беа донирани во јавната установа детски градинки „Естреја Овадија Мара од СН Осигурителен Брокер АД Битола.
-Општествената одговорност претставува важен дел од корпоративната стратегија, СН Брокер истата ја реализира преку почитување на највисоките етички стандарди со што ги задоволува желбите, потребите и очекувањата на своите клиенти. Ние правиме чекор повеќе кон подобрување на општествените услови на живеење, посебно на младата популација, на граѓани кои ја имаат најголемата потреба за помош. СН Осигурителен Брокер подарува три клима уреди со цел подобрување на условите во ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“во претстојните зимски денови, велат од СН Осигурителен Брокер АД Битола.
Од ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“ се забалагодарија за донацијата и ги повикаа и останатаите компании да го следат примерот на СН Осигурителен Брокер.
-Со овој гест би ги охрабрила сите стопанственици и би истакнала дека секоја донација е добредојдена затоа што грижата за најмладите е наша примарна цел и задача, рече Лидија Тфирст Митревска, директоркат на ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“.