АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Ловџија бил тешко повреден од огнено оружје вчера додека бил на лов со пријателите во близина на битолското село Лисолај.
По несреќата тешко повредениот К.Т.(59) од Битола бил однесен во Клиничката болница, каде му биле констатирани тешки повреди.
Според полицијата, несреќата се случила во 8.30 часот, во атар на селото Лисолај.
Критичното утро К.Т. (59) бил на лов со неговите пријатели Г.М. (43), Б.П. (65), Б.В. (58) и З.В.(29), сите од Битола и во еден момент се здобил со повреди од огнено оружје.
Полицијата извршила увид на местото, а бил известен и јавен обвинител.
„Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, се наведува во полицискиот билтен.