АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во организација на кугларскиот клуб "Пелистер" се одржа градското првенство во куглање, на кое зедоа учество вкупно 23 куглари, од кои 16 во машка конкуренција и 7 во женска. После двата дена квалификации, во финалето на турнирот "4ти Ноември" на кој се бира годишен градски првак се пласираа најдобрите 4 резултати.
Во женското финале Даниела Ѓуровска беше 4то пласирана со 496 дрва, Ивана Трајчевска 3та со 497 дрва, Стефанија Алексовска 505 и најдобра беше Андреа Вељаноска со 509 дрва. Андреа е македонска репрезентативка и рекордер во женскиот битолски клуб.
Во машкото финале од двата дена се пласираа Александар Јовановиќ кој имаше 505 дрва и беше четврт, легендата на битолското куглање Цане Колев со 552 дрва кој беше трет а во неизвесна трка со исти кегли беа Цане Поповски и Пецо Димовски, но поради подобро чистење, победи Пеце кој е и македонски репрезентативец.